07/03/2021
Човековото тело е составено од нерви кои имаат доминантна улога. Главното седиште им е малиот мозокот , а потоа следи ’рбетниот столб. ’Рбетниот мозок минува низ ’рбетниот столб и на 31 пар надворешни нерви кои излегуваат помеѓу пршлените и се распространети низ целото тело. ’Рбетниот столб опфаќа 26 пршлени и е најподложен на дислокација од целото човечко тело и кога има дислокација во ’рбетот веднаш притиска на централните нерви на ’рбетниот мозок, а исто и на корењата на надворешните нерви и предизвикува болка. Директно е поврзано со намалување на функцијата на органите и органите поврзани за контрола на нервите, намалувањето на функцијата на нервите кое предизвикува дислокација на самите пршлени ги притиска крвните садови и доаѓа до лоша циркулација и сѐ се врти во лош круг и предизвикува болести.
Затоа кога дислокацијата на пршлените, карлицата и зглобовите ќе се корегира целото тело се корегира, се олабавуваат мускулите во целото тело, притисокот врз нервите и крвните садови се намалува, вклучувајќи ментални болести како што се неврози. Повеќето болести се лечат. Како што една зграда се состои од основа и столбови така човечкото тело има своја основа и столбови. Карлицата е основата а ’рбетниот мозок е столбот.
Во случај на сериозно болен човек, должината на левата или десната нога (т.е. девијација на карлицата може да биде до 6 см. И се разбира овој криви при одењето. Кај луѓето со 1 до 2 см. девијација е многу често и само 1 на 1000 кој е сосема нормален. Исто така многу луѓе имаат „Ѕ” форма на ’рбетниот столб гледано одзади. Важно е основата и столбот да се исправат за да се има добро здравје. Како метода за тоа е Јумеихо терапија со која се врши корекција на карлицата, ’рбетниот столб и целото тело. Јумеихо терапија не помага само за лечење туку и активно се користи како носител на стандарди за превентивна медицина.