Uni Clinic for Plastic and Reconstructive surgery

Uni Clinic for Plastic and Reconstructive surgery Hospital

Единаесеттиот Journal Club беше на тема ,,Примарна реконструкција на дојка со инфериорно базиран педикуларен резен”. Д-р...
29/04/2026

Единаесеттиот Journal Club беше на тема ,,Примарна реконструкција на дојка со инфериорно базиран педикуларен резен”. Д-р Тамара Пејоска презентираше случаи од нашата клиника оперирани со оваа техника, како една од бројните техники на реконструкција на дојки. Техниката постои неколку години во светот, а се имплементираше кај нас пред една година. Ние секогаш настојуваме да бидеме во чекор со светските трендови и најновите хируршки протоколи. Едукацијата на младите колеги е од апсолутен приоритет, затоа несебично го споделуваме знаењето со нив.

БЕЗБЕДНОСТ ПРЕД СÈ 💉Пред употреба на филери, ботокс, колаген стимулатори или мезотерапија – проверете:✔️ Дали апликација...
27/04/2026

БЕЗБЕДНОСТ ПРЕД СÈ 💉

Пред употреба на филери, ботокс, колаген стимулатори или мезотерапија – проверете:

✔️ Дали апликацијата ја изведува доктор со соодветна медицинска едукација.
✔️ Производот треба да е регистриран во Malmed.
✔️ Оригиналното пакување се отвора пред вас.
✔️ Бар код и рок на употреба.
✔️ Декларација / сертификат.
✔️ Доказ што точно е аплицирано (земете го производот во раце).

🚫 Red flags:

* Прениска цена!
* Без пакување или без бар код!
* Третмани во немедицински услови!

👉 Вашето лице не е место за експерименти.
👉 Бирајте соодветен доктор и проверени производи.

На денешниот Journal club д-р Ѓорѓи Ставриќ направи краток приказ на Интернационалниот конгрес во Барселона, кој се одрж...
16/04/2026

На денешниот Journal club д-р Ѓорѓи Ставриќ направи краток приказ на Интернационалниот конгрес во Барселона, кој се одржа 17-20 Март и каде присуствуваа голем дел од нашите колеги. Како дел од него беше и Роботскиот симпозиум, каде беа споделени најновите иновации од светот на роботиката и нивната примена во реконструкцијата на дојките и телото. Зедовме активно учество во две работилници: Работилницата за Ултразвук, каде се идентификуваа перфоратори за слободни флепови и Работилницата за ICG: Индоцијангрин боја, каде ја видовме широката примена на бојата во медицината.
Ваквите едукативни активности го збогатуваат значително нашето знаење и не мотивираат за нивна понатамошна примена.

На денешниот Journal Club на Универзитетската Клиника за Пластична и Реконструктивна Хирургија, специјализантката Д-р Ма...
11/03/2026

На денешниот Journal Club на Универзитетската Клиника за Пластична и Реконструктивна Хирургија, специјализантката Д-р Малигона Реџепи, под менторство на Проф. Д-р Елизабета Мирчевска Жоговска, одржа презентација на тема реконструкција на кранијални дефекти.

Преку приказ на комплексен клинички случај на остеомиелит на темпорална коска, беше презентиран успешен реконструктивен пристап со употреба на синтетски материјал и експанзија на кожа, со што беше демонстрирано како современите реконструктивни техники можат успешно да се применат кај вакви сложени состојби.

Во своето излагање, Д-р Реџепи ги претстави различните можности за реконструкција на кранијалните дефекти, при што посебно беше нагласено значењето на внимателното планирање и индивидуализираниот пристап кон секој пациент.

По презентацијата следеше плодна дискусија, во која колегите споделија свои искуства и размислувања поврзани со реконструктивните процедури. Специјализантите кои присуствуваа имаа можност да го продлабочат своето знаење, да поставуваат прашања и активно да учествуваат во академската размена на искуства.

Универзитетската клиника за пластична хирургија во соработка со МАРМ (Македонската асоцијација за реконструктивна микрох...
23/02/2026

Универзитетската клиника за пластична хирургија во соработка со МАРМ (Македонската асоцијација за реконструктивна микрохирургија) организира Journal Club на кој ќе гостува Prof. Peter C. Neligan — водечко име во пластичната и реконструктивната хирургија, чии учебници, истражувања и менторство продолжуваат да ги водат хирурзите ширум светот.

📅 25 февруари во 16:00 часот (CET)
Модератор: Доц. Д-р Софија Пејкова
🔗 Zoom линк: https://us06web.zoom.us/j/6684641382?pwd=Z3BmMUM0SWNVOFFWRUhDdzhrc0pVZz09&omn=73589241444

Meeting ID: 668 464 1382
Passcode: fMGP9E

Усовршете ја вашата хируршка визија.
Вклучете се. Прашајте. Дискутирајте.

Секоја повреда на раката раскажува различна приказна.Тоа беше главната порака на денешниот Journal Club.Голема благодарн...
11/02/2026

Секоја повреда на раката раскажува различна приказна.
Тоа беше главната порака на денешниот Journal Club.
Голема благодарност до Кристина Мицковска за одличната презентација, во која нè водеше низ целиот процес — од првиот преглед и проценка во ургентен центар, до оперативното планирање и хируршката изведба.
Повредите на раката нè потсетуваат дека не постои универзален пристап. Секој случај е различен и бара внимателна проценка, индивидуализиран план и прецизна изведба во операциона сала, со цел да се постигнат најдобрите можни резултати за пациентите.
Посебна вредност имаше и дискусијата со нашите постари специјализанти. Вашите прашања, размислувања и споделени искуства се доказ за вашиот континуиран професионален раст.
Со секој чекор низ специјализацијата, вие не ги усовршувате само техничките вештини, туку ја градите и клиничката зрелост, одговорноста и самодовербата. Од реконструкција на тетиви до комплексни микроваскуларни реплантации, подготвени сте да се справите со најголемите предизвици во нашата професија.
Продолжете со истата посветеност и љубопитност. Чекор по чекор, градите не само хируршки вештини, туку и начин на размислување што ве обликува во врвни пластични хирурзи.
Горди сме на вас — иднината е во сигурни раце.

На денешниот Journal Club во рамките на нашата клиника Д-р Софија Тушева презентираше за најзначајните научни достигнува...
28/01/2026

На денешниот Journal Club во рамките на нашата клиника Д-р Софија Тушева презентираше за најзначајните научни достигнувања, препораки, трендови, искуства во современата хируршка пракса стекнати на “ AAHS, ASPN, ASRM ANNUAL MEETINGS 2026 “ со фокус на нивна практична примена во нашата секојдневна работа. Ни посочи за придобивките од постојаната едукација, етаблирање, публицирање и секојдневното наддоградување на хирурзите за најдобриот можен третман на пациентите. 🇲🇰🙌🇺🇸

Користењето на пиротехника и овие празнични денови го зеде својот „данок“. Педесет и осумгодишен човек сакал да ѝ покаже...
07/01/2026

Користењето на пиротехника и овие празнични денови го зеде својот „данок“. Педесет и осумгодишен човек сакал да ѝ покаже на својата внука како се пукаат петарди, по што му биле ампутирани врвовите од прстите на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија информираше денеска на прес-конференција директорката на Клиниката доктор Јасмина Ѓоргиевска Павловска.

🔴 Линк во коментар 👇
Превземено од СЛОБОДЕН ПЕЧАТ

07/01/2026

⚡️5 јануари 2026, #Скопје #🇲🇰 • Користењето на пиротехника и овие празнични денови го зеде својот „данок“. Педесет и осумгодишен човек сакал да ѝ покаже на својата внука како се пукаат петарди, по што му биле ампутирани врвовите од прстите на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија информираше денеска на прес-конференција директорката на Клиниката доктор Јасмина Ѓоргиевска Павловска.

🔴 Линк во коментар 👇

Среќна Нова 2026 година! 🎊Почитувани,Клиника за Пластична и реконструктивна хирургија ви посакува Новата Година да донес...
31/12/2025

Среќна Нова 2026 година! 🎊

Почитувани,
Клиника за Пластична и реконструктивна хирургија ви посакува Новата Година да донесе многу здравје, спокој и убави моменти исполнети со насмевки.

Ви благодариме за довербата што ни ја укажувате. И во годината пред нас остануваме посветени на врвна стручност, безбедност и индивидуален пристап кон секој пациент.

Нека 2026 биде година на позитивни промени, успех и лична хармонија.⭐️

Со почит,
Тимот на УК за Пластична и реконструктивна хирургија🤩

31/12/2025

Address

Majka Tereza Br. 17
Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Uni Clinic for Plastic and Reconstructive surgery posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Practice

Send a message to Uni Clinic for Plastic and Reconstructive surgery:

Share

Category