ПЗУ Аудитус спец.Д-р Александар Гацов

  • Home
  • Macedonia
  • Stip
  • ПЗУ Аудитус спец.Д-р Александар Гацов

ПЗУ Аудитус спец.Д-р Александар Гацов ПЗУ Аудитус-спец.Д-р Александар Гацов е специјалистичка ординација по уво, нос и болести на грло и прв центар за дијагностицирање и лекување на ноќна апнеа.

Спец.д-р Александар Гацов – оториноларинголог
Александар Гацов е роден во Штип,каде го стекнува своето основно и средно образование.По завршувањето на средното образовние во ДСМУ”Јане Сандански”-Штип -2002 година, продолжува со својата едукација по општа медицина на Медицинскиот Универзитет во Софија,Р.Бугарија и дипломира успешно во 2008 година . Од 2009 година започнува со работа и специјализаци

ја во престижната и најголема приватна болница на Балканот – ACIBADEM TOKUDA HOSPITAL SOFIA .Специјализира и работи во оделение по општа и онколошка оториноларингологија и хирургија на глава и шија во ACIBADEM TOKUDA HOSPITAL каде што го стекува своето искуство во оперативната оториноларингологија под раководство на најдобрите оториноларинголози и хирурзи во Р.Бугарија .За време на својата работа во многупрофилната болница Токуда го продолжува своето образование и развој во повеќе меѓународно признати универзитети и центри меѓу поважните –
- 3 години обука и работа во центар за итна и неодложна помош Токуда болница Софија
-магистратура по бизнис администрација и магистратура по здравен менаџмент – Универзитет за национално и светско стопанство Софија,Р.Бугарија – дисертационна тема „примена и корист/штета на американски акредитационен систем во болнични установи Joint Commision International” и прави успешна заштита на својот труд во 2011 година . Активен учесник е во примената и воведувањето на истиот систем во болниците на ACIBADEM во Р.Бугарија .
- Обука од Smith and Nephew – Англија за примена на техника на коблација во оториноларингогијата и посебно во насока на тонзилектомија,аденоидектомија и редукција на назални конхи
-обука од Biolitec во Германиja за коритење на ласер Леонардо во оперативната оторинолариногологија
- Партиципација и учество на сите регионални и на светски конгреси по оториноларингологија и сертификати од нив со поминати доедукативни курсови.
- Публикации во повеќе списанија на медицински и економски теми- - Мedinfo,Capital,здравствен портал ...
Од септември 2019 година се враќа во Штип, каде после положувањето на сите испити и нострификации на дипломи ја основа ПЗУ Аудитус –ординација за оториноларингологија,каде искуството стекнато во странство ќе најде примена за луѓето во Штип и Р.Македонија .

ПЗУ Аудитус Штип - Д-р Александар Гацов Грижа за вашето уво, нос и грло – со љубов и експертиза!Во ПЗУ Аудитус,посветени...
17/03/2026

ПЗУ Аудитус Штип - Д-р Александар Гацов
Грижа за вашето уво, нос и грло – со љубов и експертиза!

Во ПЗУ Аудитус,посветени сме на вашето здравје. Со најсовремена дијагностика и индивидуален пристап, нудиме врвна нега за целото семејство.Нашите клучни услуги вклучуваат:

•Општ ОРЛ преглед: Детална дијагностика за сите состојби на уво, нос и грло.

•Аудиометрија: Комплетно испитување на слухот и стручни совети.

•Детска оториноларингологија: Специјализирана нега за акутни и хронични ОРЛ болести кај децата.

•Отомикроскопија и тимпанометрија: Прецизна и безболна дијагноза на ушни заболувања, особено кај најмалите.

•Видео-назо-фарингоскопија: Напреден преглед со видео-документација за носните структури и назофаринксот.

•Индиректна видеоларингоскопија: Точна дијагноза и визуелна претстава на состојбата на гркланот.

•Испитување на слух кај новородени: Рано откривање на наглувост кај бебињата за нивен правилен развој.

•Испитување и третман на ноќна апнеа: Дијагностика и ефикасен третман за нарушувања на спиењето.

Дознајте повеќе за тоа како можеме да ви помогнеме!

Ваш ПЗУ Аудитус,
☎️078721777

🩺 Имате проблеми со чести инфекции на горни дишни патишта,гласот или сонот?ПЗУ Аудитус – Ординација за ОРЛ болести, Ауди...
09/12/2025

🩺 Имате проблеми со чести инфекции на горни дишни патишта,гласот или сонот?
ПЗУ Аудитус – Ординација за ОРЛ болести, Аудиологија и Ноќна апнеа

✓ Прегледи за ноќна апнеа(р'чење и паузи во дишењето ) и Полисомнографија (Sleep Study)
✓ Тимпанометрија и отоакусични емисии(испитување на слух кај новородени)
✓ Микроскопски преглед на уво
✓ Детска оториноларингологија
✓ Алергиски и синусни проблеми
✓ Ендоскопија(видеодијагностика) на горни дишни патишта
✓ Аудиологија – слух и тинитус

📍 Штип,ул.Кирил и Методи бр.16
📞 Закажи термин:078 721 777,032 61 4444
👉 Притисни „Learn More“ за повеќе информација

Специјалистичка ординација по уво, нос болести на грло ноќна апнеа, р`чење, детска оториноларингологија, ендоскопски прегледи, тимпанометрија....

🌙 Колку добро спиете навечер?Многумина не знаат дека дневната поспаност може да биде знак за ноќна апнеа или други наруш...
02/12/2025

🌙 Колку добро спиете навечер?
Многумина не знаат дека дневната поспаност може да биде знак за ноќна апнеа или други нарушувања на спиењето.

💤 Epworth скала е краток и едноставен тест кој ни помага да процениме колку сте склони кон поспаност во текот на денот и ризикот да страдате од ноќна апнеа. Одговорете на прашањата и видете дали имате ризик за ноќна апнеа

📋 Како се прави тестот:
За секоја ситуација оценете со скала од 0 до 3:

0 = Никогаш не ми се случува да заспијам

1 = Малку веројатно

2 = Средно веројатно

3 = Многу веројатно

Ситуации:

1. Седејќи и читајќи

2. Гледајќи телевизија

3. Седејќи на јавен превоз

4. Седење во мирување после ручек без алкохол

5. Како пасивен учесник во разговор

6. Лежечки после ручек

7. Возејќи автомобил по автопат (сам/а)

8. При кратка пауза(мирување) во текот на денот

➕ Сума на сите поени:

0-7 → Нормално

8-10 → Мала поспаност

11-14 → Умерена поспаност, консултирајте се со ОРЛ специјалист за детален преглед и оценка за испитување на сонот(полисомнографија)

15-24 → Висока поспаност, препорачливо е да направите детална проверка на спиењето (полисомнографија)

💡 Споделете го резултатот со вашиот лекар и погрижете се за квалитетен сон!

Ваш ПЗУ Аудитус Штип
078 721 777

Ноќна апнеа ( Sleep apnea) Ноќната апнеа претставува сериозно и ризично заболување при кое имаме перидично сопирање на дишењето за време на сон.Ако р`чите гласно за време...

OТОМИКРОСКОПИЈА И ОТОАКУСТИЧНИ ЕМИСИИВо нашата ординација располагаме со отомикроскоп и апарат за отоакустични емисии(ис...
31/10/2025

OТОМИКРОСКОПИЈА И ОТОАКУСТИЧНИ ЕМИСИИ

Во нашата ординација располагаме со отомикроскоп и апарат за отоакустични емисии(испитување на слух кај новородени),единствени во источниот регион и пошироко,со чија помош правиме прецизна дијагноза на заболувањата на уво,посебно кај најмилите,нашите деца . Методите се безболни. Детска оториноларингологија – со оглед на предходната работа и искуство,посебен интерес за нашата ординација претставуваат острите и хронични ОРЛ болести кај децата.

Ваш ПЗУ Аудитус Штип
ℹ️ 078721777
www.orlauditus.com

👃👃👃Затнување на носот и секрети од носот во детска возраст👃👃👃Овие симптоми се чести во детските колективи поради блискио...
07/10/2025

👃👃👃Затнување на носот и секрети од носот во детска возраст👃👃👃
Овие симптоми се чести во детските колективи поради блискиот контакт на децата, затворениот простор, реткото проветрување на просторот , реткото миење на раце ....Светската статистика е дека до 6 годишна возраст секое дете има затнување на носот и секрети од него средно 6-8 пати во годината поради кое тоа претставува еден огромен проблем за нашите најмили и нивните родители .
Носот од внатрешната страна е покриен со слузница која што лачи мало количество слузен секрет кој што има заштитна функција .При контакт на слузницата со различни агенти тогаш се предизвикува локален оток на истата и зголемување на количеството на секрет во носот .
ℹ️ПРИЧИНИТЕЛИ ℹ️
🥇Настиники или т.н банални вирусни инфекции - Ова е најчестата причина за затнување на носот и секрети од истиот и како последица може да се појават кашлица , фебрилитет , болки во мускули ,намален апетит и др. Обично трае околу една недела и поминува со симтоматска терапија и нема потреба од антибиотско лекување .
🥈Бактериски инфекции ( најчесто стрептококус пневмоние , мораксела брах.,хемофилус инфлуенце) -за бактериска инфекција имаме сомнение секогаш кога затнувањето на носот продолжува повеќе од 10 дена и има појава на густ жолто – зелен секрет од носот , непријатна миризба од устата на детето и други .
🥉Алергии- можат да бидат причина за честите боледувања со затнување на носот и секрети во детска возраст.Карактерно за нив е сезонска појава, бистри секрети од носот ,често кивање и чешање на носот и очите , бронхо-обструктивни епизоди ,БЕЗ покачување на температурата и др.
⚠️Компликации⚠️ – затнувањето на носот и секретите од него најчесто поминуваат без посебна терапија поради кое и повеќето родители не обрнуваат посебно внимание, но исто така би можеле да представуваат огромен проблем поради компикациите кои ги даваат како што е воспалување на средно уво , ларингити, бронхити , пневмонии и т.н
☑️Препораки☑️ –терапијата да не се започнува со ⛔системски антибиотик⛔ !!!
Лекувањето на затнувањето на носот и секретите од него во поголемиот дел од случаите е со симптоматска терапија – локални деконгестиви , прием на повеќе течности , антипиретици , антихистамини , локални комбинирани капки ,инхалации ... Дијагностиката и лекувањето на затнувањето на носот,ако е подолго од 7 дена, е од страна на специјалист оториноларинголог поради комплексноста на причините и компликациите до кои може да доведе .

Ваш ПЗУ Аудитус Штип 🔝🔝🔝
Д-р Александар Гацов
032 61 44 44

Специјалистичка ординација по уво, нос болести на грло ноќна апнеа, р`чење, детска оториноларингологија, ендоскопски прегледи, тимпанометрија....

ℹ️Ноќна апнеа   (Sleep Apnea ) - прекинување на дишењето по време на сон ℹ️Ноќната апнеа претставува сериозно нарушување...
23/09/2025

ℹ️Ноќна апнеа (Sleep Apnea ) - прекинување на дишењето по време на сон

ℹ️Ноќната апнеа претставува сериозно нарушување на сонот при кое кај пациентите дишењето периодично прекинува во текот на ноќта ( будење во текот на ноќта со чувство за задушување и недостиг на воздух )

ℹ️Симптоматика на ноќната апнеа
Изразена поспаност и умора во текот на денот со хроничен карактер
Гласно рчење
Обеситас( наднормена телесна маса ) без промена на начин на исхрана
Будење во текот на ноќта со чувство за задушување
Утринска главоболка
Сувост во устната шуплина наутро
Промени во расположението до депресивни епизоди
Чести позиви за уринирање во текот на ноќта
Еректилна дисфункција
Потење во текот на ноќта во областа на вратот и главата

Ваш ПЗУ Аудиус Штип
032/61 44 44 , 078 721 777

Ноќна апнеа ( Sleep apnea) Ноќната апнеа претставува сериозно и ризично заболување при кое имаме перидично сопирање на дишењето за време на сон.Ако р`чите гласно за време...

Имате ли проблем со гласно р'чење, будење со замор или паузи во дишењето додека спиете?Можеби се работи за ноќна апнеа –...
20/05/2025

Имате ли проблем со гласно р'чење, будење со замор или паузи во дишењето додека спиете?
Можеби се работи за ноќна апнеа – сериозно нарушување на спиењето.

Со полисомнографија (тест за спиење), можеме точно да ја дијагностицираме и предложиме соодветен третман.

Не чекајте – квалитетниот сон значи квалитетен живот!
Контактирајте нè за повеќе информации или закажете преглед денес!
ПЗУ Аудитус Штип
078721777
www.orlauditus.com

Ноќна апнеа ( Sleep apnea) Ноќната апнеа претставува сериозно и ризично заболување при кое имаме перидично сопирање на дишењето за време на сон.Ако р`чите гласно за време...

15 ти SAPO конгрес по детска оториноларингологија - нови погледи,инспирација и одлична енергија!
16/05/2025

15 ти SAPO конгрес по детска оториноларингологија - нови погледи,инспирација и одлична енергија!

25/04/2025
08/02/2025
ДРАГИ НАШИ ПАЦИЕНТИ И ПРИЈАТЕЛИ Огромна благодарност за довербата во овие 4 години.Денешниот ден за Нас е посебно драг п...
31/10/2024

ДРАГИ НАШИ ПАЦИЕНТИ И ПРИЈАТЕЛИ
Огромна благодарност за довербата во овие 4 години.Денешниот ден за Нас е посебно драг поради огромниот број на поздрави и пофалби, а исто така и бесплатно прегледани повеќе од 25 пациенти кои не можат да си дозволат приватни прегледи . Продолжуваме напред со уште поголема увереност и новитети.
Ваш ПЗУ Аудитус Штип
Д-р Александар Гацов

Address

Улица Кирил и Методиј бр. 16 <стара чаршија 2 кат >
Stip
2000

Opening Hours

Monday 10:00 - 19:00
Tuesday 10:00 - 19:00
Wednesday 10:00 - 19:00
Thursday 08:00 - 17:00
Friday 08:00 - 17:00

Telephone

+38932614444

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ПЗУ Аудитус спец.Д-р Александар Гацов posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Practice

Send a message to ПЗУ Аудитус спец.Д-р Александар Гацов:

Share