26/01/2026
За прв пат во Штип - онлајн аптека! 💊📲 https://aptekahigijastip.mk/
Голема чест и задоволство ни е да ви ја најавиме првата онлајн аптека во Штип - Аптека Хигија. Со оваа новина, правиме уште еден чекор поблиску до вас, нудејќи современа, брза и сигурна фармацевтска услуга, достапна секогаш и од секаде.
Со зголемувањето на побарувачката за онлајн услуги и потребата од поголема достапност и удобност за граѓаните, летото 2025 година Аптека Хигија одлучи да се дигитализира, со јасна цел - да го олесниме пристапот до фармацевтски производи и стручни совети за граѓаните низ цела Република Македонија.
Аптека Хигија е бренд кој постои и гради доверба повеќе од 30 години, со традиција, професионалност и искрена грижа за здравјето на своите пациенти.
Нашиот тим од лиценцирани фармацевти и фармацевтски техничари обезбедува квалитетни лекови и стручни совети за правилна употреба, дејство, нуспојави и контраиндикации. Во состав на аптеката работи лиценцирана лабораторија за изработка на магистрални препарати, подготвени од сертифицирани хемикалии и современа апаратура, во консултација со специјалист по фармацевтска технологија. Аптеката поседува лиценца за работа издадена од Министерството за здравство на РСМ, што претставува гаранција за квалитет, безбедност и доверба.
Без разлика дали нè посетувате онлајн или на нашата физичка локација во Штип, Аптека Хигија останува ваш сигурен партнер за здравје, професионалност и грижа.
🌐 Достапни онлајн https://aptekahigijastip.mk/
🏥 Присутни локално
❤️ Посветени на вашето здравје