17/04/2026
Спондилозните промени претставуваат дегенеративна состојба (истрошување на ‘рскавица, дискови и коски), па традиционалната кинеска медицина (ТКМ) не ги „лекува“ целосно, туку главно помага за намалување на симптомите, како болка, вкочанетост и подобрување на подвижноста.
Во ТКМ ова често се гледа како дисбаланс на „Qi“ и „крвта“, често во комбинација со егзогени патогрни, како „ветер-ладно-влага“, или слабост на работата на меридијанот на бубрезите (во нивна терминологија е поврзан со коски).
Најчесто се користи:
1. Акупунктура.
Го намалува болниот сигнал и го релаксира мускулниот спазам.
Може да помогне кај вратна и лумбална спондилоза.
Обично се прават серии од 5–10 третмани.
2. Моксибустија (загревање со билка – моксa)
Се користи ако има чувство на студ, вкочанетост.
Ја подобрува циркулацијата локално.
3. Кинеска масажа (Tuina).
Длабока терапевтска масажа.
Го подобрува движењето и ги намалува блокадите.
Добра комбинација со акупунктура.
4. Билки (фитотерапија).
Се даваат индивидуално, но често формули за:
намалување на болка и воспаление,
подобрување на циркулација, „јакнење" на меридијанот на бубрезите(во ТКМ смисла).
5. Вежби – Tai Chi / Qi Gong.
Многу корисни за долгорочен ефект.
Го подобруваат држењето и флексибилноста.
Нежни, без нагли движења.