ПЗУ Д-Р КИРОВ

ПЗУ Д-Р КИРОВ Специјалистичка ординација по Ортопедија

20/03/2025

Почитувани сограѓани,

Во овие тешки моменти по страшната трагедија во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде што загинаа 59 лица и повеќе од 170 беа повредени , нашата ординација по ортопедија изразува длабоко сочувство до семејствата на настраданите и повредените. Како знак на солидарност и поддршка, нудиме бесплатни ортопедски услуги на сите засегнати лица и нивните најблиски, се додека им е потребна нашата помош. Со почит,

ПЗУ ДР КИРОВ
078 293 984
Пиринска 75/Б
Штип

19/07/2024

Почитувани пациенти, ПЗУ ДР КИРОВ останува на колективен летен одмор заклучно до 30.07.2024. Во меѓувремено за било каква косултација пишете во инбокс или јавете се на 078 293984.

Со почит

Др Киров

⚡ Кога ќе почувствувате болка во мускул, тетива, лигамент или зглоб, побарајте помош од специјалист ортопед. ℹ️ Повеќето...
10/03/2022

⚡ Кога ќе почувствувате болка во мускул, тетива, лигамент или зглоб, побарајте помош од специјалист ортопед.

ℹ️ Повеќето мускуло-скелетни повреди се не-хируршки, така што сѐ освен скршеници може да се третира во специјалистичка амбуланта по ортопедија, вклучително и дијагностика на нервни болки.

✨ Специјалистот ортопед најдобро разбира од каде доаѓа болката и кој е најдобриот начин за нејзино третирање. Тој ќе понуди најминимално-инвазивни и најконзервативни можности за ублажување на болката, независно дали потекнува од:

✔️ грбот и вратот
✔️ рамената
✔️ колената
✔️ колковите
✔️ лактите
✔️ стапалата и глуждовите
✔️ дланките

👍 Првото нешто кое специјалистот за болка ќе го направи е подобро да ја разбере Вашата болка. Третманот на ортопедската болка е ефикасен само ако дијагнозата е точна.

ПЗУ Д-Р КИРОВ
Специјализиран центар за третман и ултразвучна дијагностика на мускуло-скелетен систем.

Посетете нѐ:
📍 https://g.page/pzu-dr--kirov

📆 Закажете термин ⏰
🌐 https://pzudrlazokirov.com.mk/
📱 +389 78 293 984

💐 ЧЕСТИТ 8 МАРТ – МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ЖЕНИТЕ ❣️
08/03/2022

💐 ЧЕСТИТ 8 МАРТ – МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ЖЕНИТЕ ❣️

⚠️ Речиси 1/4 од населението кај нас има некаква мускуло-скелетна болест. Од симптомите, најчеста е болка во долниот дел...
03/03/2022

⚠️ Речиси 1/4 од населението кај нас има некаква мускуло-скелетна болест. Од симптомите, најчеста е болка во долниот дел од грбот.

ℹ️ Најчесто, причината за болка во долниот дел од 'рбетот се повреди на меките ткива. Овие повреди вклучуваат оштетувања на меѓупршленските дискуси, компресија на нервните корени или неправилно движење на меѓупршленските зглобови.

⚡ Убедливо најчеста причина за болка во долниот дел од грбот е истегнат мускул и/или лигамент. Од практични причини, не е битно дали е оштетен мускулот или лигаментот, затоа што симптомите и третманот се исти. Ова може да настане ненадејно, или постепено да се развие поради повторувачки движења.

Вообичаени причини за истегнување се:

✅ Кревање на тежок предмет, или странично извиткување на 'рбетот за време на кревањето
✅ Ненадејно движење кое предизвикува премногу стрес врз долниот дел од грбот, како што е на пр. паѓање
✅ Долготраен лош постурален став
✅ Спортски повреди, особено кај оние спортови што вклучуваат извиткувања или силни удари

Болката може да се смета за хронична ако трае подолго од 3 месеци.

Причини за хронична болка во долниот дел од грбот:

☑️ Херниација на лумбален диск.
☑️ Дегенеративни заболувања на меѓупршленските дискови.
☑️ Дисфункција на меѓупршленските зглобови.
☑️ Дисфункција на сакроилијачниот зглоб. .
☑️ Лумбарна стеноза на 'рбетот.
☑️ Спондилолистеза.
☑️ Остеоартрит.
☑️ Деформитети.
☑️ Повреда.
☑️ Компресивна фрактура.

ПЗУ Д-Р КИРОВ
Специјалистичка ординација по ортопедија

Посетете нѐ:
📍 https://g.page/pzu-dr--kirov

Специјализиран центар за третман и ултразвучна дијагностика на мускуло-скелетен систем.

📆 Закажете термин ⏰
🌐 https://pzudrlazokirov.com.mk/
📱 +389 78 293 984

ℹ️ Остеопорозата е состојба на намалена коскена маса и деградација на коскеното ткиво, што доведува до зголемена кршливо...
28/02/2022

ℹ️ Остеопорозата е состојба на намалена коскена маса и деградација на коскеното ткиво, што доведува до зголемена кршливост на коските и последователен ризик од фрактури (скршеници).

ℹ️ Остеопенијата е всушност раниот стадиум на остеопороза, која може да започне на 35 годишна возраст, со прогресивно намалување на коскената маса. Ризикот за фрактури на коските понатаму се дуплира на секои 10 години, како за жени, така и за мажи.

⚠️ Се проценува дека повеќе од 60.000 Македонци постари од 50 години имаат остеопороза.
⚠️ Жените над 45 години кај нас имаат почести хоспитализации за остеопоротични скршеници отколку за карцином на дојките.
⚠️ 1 од 4 жени и 1 од 20 мажи над 65 години кај нас има остеопороза.

ℹ️ Остепорозата е “тивко заболување,” што значи дека нема симптоми. Остеопорозата најчесто се открива случајно, откако веќе настанала скршеница. Кога имате остепороза, скршениците може да настанат и по едноставно сопнување и паѓање, а понекогаш и без тоа.

Најчестите повреди на лица заболени од остепороза се:

⚡ скршен рачен зглоб
⚡ скршен колк
⚡ скршени пршлени

👨‍⚕️ ПЗУ Д-Р КИРОВ
🏥 Специјалистичка ординација по ортопедија и центар за третман и ултразвучна дијагностика на мускуло-скелетен систем.

Посетете нѐ:
📍 https://g.page/pzu-dr--kirov

📆 Закажете термин ⏰
🌐 https://pzudrlazokirov.com.mk/
📱 +389 78 293 984

🦵 Остеоартритисот (ОА) претставува најчесто мускулно-скелетно заболување што се карактеризира со постепено губење на згл...
24/02/2022

🦵 Остеоартритисот (ОА) претставува најчесто мускулно-скелетно заболување што се карактеризира со постепено губење на зглобната 'рскавица. Тоа доведува до постепено истенчување на 'рскавицата и зголемено триење на коскените структури што води до болка, вкочанетост, отежнато и нарушено движење.

👴 👵 Остеоартритисот е поврзан со возраста, но и со бројни други ризик-фактори како што се: дебелината, намалената физичка активност, генетската предиспозиција, густината на коските, повредите и полот.

🩼 Остеоартритисот претставува најчеста причина за онеспособеност кај нас. Преваленцата се зголемува и ќе продолжи да се зголемува како што се продолжува животниот век и сѐ поголемата епидемија на зголемена телесна тежина.

♂️ ♀️ Утврдено е дека остеоартритисот претставува 9-та најчеста причина за онеспособеност во средно и ниско развиените земји. Според нашите податоци, 9,6 % од мажите и 18,0 % од жените на возраст над 60 години имаат симптоматски остеоартритис.

👨‍⚕️ ПЗУ Д-Р КИРОВ
🏥 Специјалистичка ординација по ортопедија и центар за третман и ултразвучна дијагностика на мускуло-скелетен систем.

Посетете нѐ:
📍 https://g.page/pzu-dr--kirov

📆 Закажете термин ⏰
🌐 https://pzudrlazokirov.com.mk/
📱 +389 78 293 984

Заради општото стареење на популацијата, бројот на лица со мускуло-скелетни заболувања е во постојан пораст. Речиси 1/4 ...
21/02/2022

Заради општото стареење на популацијата, бројот на лица со мускуло-скелетни заболувања е во постојан пораст.

Речиси 1/4 од населението кај нас има некаква мускуло-скелетна болест. Од симптомите, најчеста е болка во долниот дел од грбот.

Мускуло-скелетните заболувања значително ја ограничуваат подвижноста, што предизвикува намален квалитет на животот и спречува активно учество во општеството.

Типичен симптом на сите овие заболувања е болката (најчесто хронична) во:

✔️ зглобовите, како што е остеоартрит, ревматоиден артрит, псоријатичен артрит, гихт, анкилозирачки спондилит;
✔️ коските, како што е остеопенија, остеопороза и придружните фрактури;
✔️ 'рбетот, како што се болки во вратот и грбот.

ПЗУ Д-Р КИРОВ
Специјалистичка ординација по ортопедија

Посетете нѐ:
📍 https://g.page/pzu-dr--kirov

Специјализиран центар за третман и ултразвучна дијагностика на мускуло-скелетен систем.

📆 Закажете термин ⏰
🌐 https://pzudrlazokirov.com.mk/
📱 +389 78 293 984

👨‍👩‍👧‍👧 Родители - главата горе! Дијагнозата развојна дисплазија на колкот кај Вашето бебе не е крај на светот!❣️ Кога ќ...
17/02/2022

👨‍👩‍👧‍👧 Родители - главата горе! Дијагнозата развојна дисплазија на колкот кај Вашето бебе не е крај на светот!

❣️ Кога ќе заврши третманот и ќе погледнете на назад, сите прегледи, сите терапии, непроспиени ноќи, солзи, успеси, постигнувања, ортози, борба и сила, ќе сфатите дека ВРЕДЕЛО.

✨ Безболен, брз, стручен и прецизен ултразвучен (ехо) скрининг на новороденчиња и доенчиња.

Посетете нѐ:
📍 https://g.page/pzu-dr--kirov

📆 Закажи термин ⏰
🌐 https://pzudrlazokirov.com.mk/
📱 +389 78 293 984

✨ ЗАЕДНО - можеме, растеме, успеваме

🙋 Како изгледа ултразвучниот преглед на колкови кај новороденчиња и доенчиња ❓👨‍⚕️ Докторот ќе побара да го соблечете ма...
14/02/2022

🙋 Како изгледа ултразвучниот преглед на колкови кај новороденчиња и доенчиња ❓

👨‍⚕️ Докторот ќе побара да го соблечете малото и да ја отстраните пелената. Детенцето ќе биде поставено на масата за преглед на грбче или на страна, како на сликата. Прегледот вообичаено трае околу 20-тина мунти. Вообичаено, се прегледуваат двата колкови за споредба.

🍼 Би било одлично ако може да го нахраните бебенцето непосредно пред прегледот, во нашата чекалница или некоја од помошните простории во ординацијата. За време на тестот, обично родителите ги смируваат бебчињата со нежен и тивок глас или со пеење на нивната омилена песна. Најбитно е да стоите покрај него така што да може постојано да го гледа Вашето лице.

✨ Безболен, брз, стручен и прецизен ултразвучен (ехо) скрининг на новороденчиња и доенчиња

Посетете нѐ:
📍 https://g.page/pzu-dr--kirov

👶 Колковите кај новороденчињата и доенчињата треба да бидат прегледани на возраст од:

✅ 6 недели (најдоцна до 2 месеци)
✅ 4 месеци
✅ 6 месеци
✅ по проодувањето

❣️ Најсовремен апарат Mindray DC- 30 FullHD
❣️ Цена на преглед 1000 ден.
❣️ Прегледот трае само 15-30 мин.

📆 Закажи термин ⏰
🌐 https://pzudrlazokirov.com.mk/
📱 +389 78 293 984

✨ ЗАЕДНО - можеме, растеме, успеваме

✨ Безболен, брз, стручен и прецизен ултразвучен (ехо) скрининг на новороденчиња и доенчињаПосетете нѐ:📍 https://g.page/p...
10/02/2022

✨ Безболен, брз, стручен и прецизен ултразвучен (ехо) скрининг на новороденчиња и доенчиња

Посетете нѐ:
📍 https://g.page/pzu-dr--kirov

⚡ Развојната дисплазија на колкот кај новороденчиња и доенчиња може лесно да се спречи и успешно да се лекува доколку се открие рано и на време. Ултразвучниот (ехо) преглед кај специјалист ортопедски хирург е поефикасен начин за рано откривање на оваа состојба во споредба со класичниот физикален преглед (со проверка за т.н. знаци на Барлов и Ортолани).

👶 Колковите кај новороденчињата и доенчињата треба да бидат прегледани на возраст од:

✅ 6 недели (најдоцна до 2 месеци)
✅ 4 месеци
✅ 6 месеци
✅ по проодувањето

❣️ Најсовремен апарат Mindray DC- 30 FullHD
❣️ Цена на преглед 1000 ден.
❣️ Прегледот трае само 15-30 мин.

📆 Закажи термин ⏰
🌐 https://pzudrlazokirov.com.mk/
📱 +389 78 293 984

✨ ЗАЕДНО - можеме, растеме, успеваме

Address

Pirinska 75B
Stip
2000

Opening Hours

Monday 09:00 - 20:00
Tuesday 09:00 - 20:00
Wednesday 09:00 - 20:00
Thursday 09:00 - 20:00
Friday 09:00 - 20:00
Saturday 09:00 - 20:00

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ПЗУ Д-Р КИРОВ posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Practice

Send a message to ПЗУ Д-Р КИРОВ:

Share

Share on Facebook Share on Twitter Share on LinkedIn
Share on Pinterest Share on Reddit Share via Email
Share on WhatsApp Share on Instagram Share on Telegram

Category