11/12/2025
Клиничка Болница Штип, извештај за извршени здравствени услуги до 1 декември 2025
Почитувани граѓани,
Клиничка болница Штип е клучна алка во здравствениот систем и носител на најголемиот товар во Источниот регион. И покрај ограничениот број на вработени, само 415 посветени професионалци, нашиот колектив секојдневно обезбедува квалитетна, навремена и достапна здравствена услуга.
Во периодот од 1 јануари до 1 декември 2025 година се реализирани, да напоменеме дека ова е информација само за дел од службите:
10977 уролошки амбулантски прегледи, 402 приеми на одделение, 193 операции, 67 биопсии на простата.
Анестезиолошкиот тим сработи 2272 операции и 1200 консултации
458 728 лабораториски анализи, 72 383 повеќе за разлика од целата 2024та година
1380 коронарографии, 498 стентирања, 69 периферии, ехокардиографии 2349, 9210 кардиолошки прегледи, 122 коронарни стрес теста
5551 инфектолошки преглед, 493 приеми
8088 невролошки прегледи 613 хоспитализации
Уво нос грло има извршено 6926 прегледи, 52 приеми 11 операции и 66 интервенции
21633 ортопедски прегледи, 595 хоспитализации 504 операции, 580 мали интервенции
1283 максилофацијални прегледи, 80 интервеницц, 103 приеми ( еден лекар специјалист)
6471 хируршки прегледи, 1005 приеми, 731 операција, 788 интервенции
2477 прегледи на физикална терапија и 323 приеми
5593 психијатриски прегледи и 113 приеми
16583 рентген графии, 9439 компјутерски томографии, 2065 магнетни резонанци, 5960 еха, 380 мамографии ( во моментот не е во функција, во процес на сервисирање)
Од еден онколог се направени 1967 онколошки прегледи
10466 дерматовенеролошки прегледи и 180 хоспитализации
5189 педијатриски прегледи, 653 приеми
4249 гинеколошки прегледи, 1165 приеми, 437 породувања 229 операции 488 интервенции
11884 офталмолошки прегледи, 568 офталмолошки операции
Овие бројки не се муабети, ова се факти кои зборуваат за обемот на работа, одговорноста и посветеноста на нашиот тим.
Свесни сме дека условите не се идеални, но секој ден даваме се од себе да обезбедиме поефикасна и поквалитетна услуга. Веруваме дека само заедно, персоналот, институциите и граѓаните можеме да ја унапредуваме здравствената грижа и да ја направиме подобра за сите.
Клиничка болница Штип е една од поважните алки во секундарното здравство во Македонија
Ви благодариме за довербата.
Продолжуваме силно – со вас, за вашето здравје.
Клиничка болница Штип