Orthomed Struga

  • Home
  • Orthomed Struga

Orthomed Struga Specialized Supplier for Orthopedic and Sports aids

Што е кифоза?✅Кифозата или подгрбавеноста е зголемување на кривината во градниот дел од ’рбетниот столб. Посебно е воочл...
31/05/2023

Што е кифоза?

✅Кифозата или подгрбавеноста е зголемување на кривината во градниот дел од ’рбетниот столб. Посебно е воочлива при седење и ја следи завиеност на двете рамења нанапред. Често е последица на наглото растење на децата, лоша положба при седење и слаба стомачна и грбна мускулатура.

✅Кифозите во периодот на адолесценција најчесто се појавуваат како резултат на одредени нарушувања во растот. Кај повозрасната популација, најчеста причина за појава на кифоза е остеопорозата. Кифозите може да бидат и вродени, може да се појават како резултат на траума или како последица на хируршка интервенција.

✅Дијагноза

Најчесто пациентите се јавуваат на лекар откако ќе ја забележат карактеристичната искривеност на грбот. Она што е важно да го знае вашиот лекар е вашата семејна историја на болеста, кога за првпат го забележавте искривувањето, дали имате болка во грбот или некој друг проблем. Од дијагностичките процедури, лекарот ќе побара рендген снимка, магнетна резонанца, компјутерска томографија , за да се видат специфичните кривини на ’рбетот, невролошки испитувања за да се види дали постои притисок на некој од ’рбетните нерви.

✅Третман:

✅Конзервативен;

Првиот чекор вклучува вежби, земање лекови, носење специјални ортози и протези со кои се намалува болката. Доколку причина за кифозата е остеопороза, тогаш треба да се контролира со цел да се забави процесот на искривување на ’рбетот.

✅Хируршки;

Кифозата се третира хируршки доколку болката е силна, а искривувањето на ’рбетот е сè поинтензивно и прави оштетувања на ’рбетниот мозок. Хирургијата е единствена опција за успешна корекција на деформитетот. Доколку кифозата се забележи во периодот на раст, намалување на прогресијата на искривување може да се постигне со специјални корсети за кифоза.

➡️КОРСЕТ ЗА КИФОЗА ;

Корсет изработен од еластичен ткаен материјал, на кој во задниот дел се наоѓаат два фишбајни. Ремените за позиционирање се фиксираат со велкро лепенки, што овозможува лесно и прецизно поставување на корсетот во соодветна положба за носење. Крутоста на металните шини го корегира држењето и овозможува правилна положба на ‘рбетот.

Неопренска ортоза за колено со фишбајни:Ортозата за колено со фишбајни обезбедува максимална стабилизација на коленото и...
29/05/2023

Неопренска ортоза за колено со фишбајни:

Ортозата за колено со фишбајни обезбедува максимална стабилизација на коленото и позиционирање на пателата (капата на коленото) со вграденото силиконско перниче кое ја опфаќа пателата.
Вградените странични фишбајни ги растоваруваат внатрешните и надворешните лигаменти на коленото,додека додатните велкро ленти овозможуваат регулација на компресијата овозможувајќи посигурно движење.
Ортозата се користи при третман на остеоартритис, повреди на лигаменти,и сите останати повреди на колено и менискус.
Обезбедува целосна заштита при спортски или физички активности.

Дали знаете за calcar calcanei т.е. „шилец во пета“?Дали досега сте се сретнале со терминот „шилец во пета“. Оваа состој...
26/05/2023

Дали знаете за calcar calcanei т.е. „шилец во пета“?
Дали досега сте се сретнале со терминот „шилец во пета“. Оваа состојба, стручно наречена calcar calcanei претставува таложење на калциум на коската на петата кое настанува под дејство на повеќе различни фактори: долго стоење, прекумерна тежина, често носење високи потпетици или рамни табани. Заедничко за сите овие фактори е зголеменото механичко оптоварување кое како последица има создавање калцификати. Насобраните наслаги предизвикуваат болка вршејќи притисок на околното ткиво, каде најзагрозена е плантарната тетива.
Острата болка во петата веднаш по станување или по мирување, пациентите ја опишуваат како чувство дека застанале на клинец или трн. Меѓутоа, шилецот може да постои и без болни симптоми. Ваквите случаи најчесто се откриваат во тек на рендгенско снимање на стапалата при дијагностицирање на друг здравствен проблем.

Превенција

При изборот на обувки, потребно е да се обрне особено внимание на изборот на ортопедски или анатомски влошки. Влошките за шилци во пета дополнително помагаат во рамномерно распоредување на притисокот кој телото го врши врз стапалата.
Доколку имате дијагноза calcar calcanei или „шилец во пета“, ќе ви бидат потребни специјалните влошки за пета.

Dyqani i specializuar për mjete ndihmëse ortopedike ofron një përzgjedhje të madhe të mjeteve ndihmëse ortopedike dhe sp...
20/05/2023

Dyqani i specializuar për mjete ndihmëse ortopedike ofron një përzgjedhje të madhe të mjeteve ndihmëse ortopedike dhe sportive më cilësore dhe moderne.Cilësi e shkëlqyer dhe sukses i madh në shërim GARANTUAR!

Специјализираната продавница за ортопедски помагала нуди голем избор на најквалитетни и најсовремени ортопедски и спортски помагала.Одличен квалитет и голем успех во заздравувањето ЗАГАРАНТИРАНО!

Митела за фиксација на горни ектремитети:Митела која служи за фиксација на рамото и надлактицата при скршеници на надлак...
30/04/2023

Митела за фиксација на горни ектремитети:

Митела која служи за фиксација на рамото и надлактицата при скршеници на надлакотна коска или дислокации на рамо, како и при воспаленија и мекоткивни повреди. Ја стабилизира раката во посакуваната позиција и го поставува рамото во релаксирачка положба. Изработена е од ламинирана ткаенина од внатрешната страна.

Силиконски влошки со анти-шок лежиште на пета за намалување на притисокот врз петата при одење.Превентивни влошки со зго...
27/04/2023

Силиконски влошки со анти-шок лежиште на пета за намалување на притисокот врз петата при одење.

Превентивни влошки со зголемена густина и заштита на задниот дел на петата. Лежиштето за калканеусот е означено со екстра мек круг од силикон. Се препорачуваат кај упорен calcar calcanei(шилец во пета).

24/04/2023

БОНТОН ОДНЕСУВАЊЕ КОН ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ.

-Поголем дел од луѓето се збунети и изненадени, кога треба да комуницираат со лице кое има некаква попреченост. Најчесто се плашат дека со своите постапки и зборови, ненамерно ќе го повредат соговорникот. За да се олесни секојдневниот живот на лицата со попреченост, и да се поттикнат луѓето да направат контакт без страв, создаден е бонтон за секојдневна комуникација со лица со попреченост.

-Најосновно, фокусирајте се на личноста не инвалидитетот!

-Пристојно ракувајте сѐ, дури и кога личноста има ограничени движења на рацете, користи протеза или има оштетен вид!

-Пред да помогнете, секогаш прашајте дали е потребна вашата помош. Можеби помошта не е потребна, или е несакана.

-Никогаш не се наслонувајте на нечие ортопедско помагало (количка, одалка или патерици). Помагалата се дел од некого и затоа внимавајте.

-Зборувајто директно со лицето, не со некој покрај него како да не постои. Ова особено важи кога станува збор за лица со оштетен слух или вид.

-Доколку разговорот со лице во инвалидска количка трае повеќе од неколку минути, седнете за погледот да ви биде на иста висина.

-Немојте да ги понижувате лицата со телесна попреченост или да се однесувате заштитнички спрема нив тапкајќи ги по рамо или глава.

-Кога некому му објаснувате во која насока да се движи, имајте го во предвид следново: растојанието, дали патеката има рампи како и временските и физички препреки кои може да го отежнат движењето на лицата со телесна попреченост.

-Не ги спречувајте децата да поставуваат прашања на лицата со телесна попреченоста за ортопедските помагала (инвалидски колички, патерици, бастуми или протези).

-Кога лицето кое користи инвалидска количка, ќе се префрли на стол, кревет или автомобил, не ја поместувајте количката од нивниот дофат. Доколку мора да се тргне од било која причина, прво прашајте го корисникот. Истото важи и за лицата кои се движат со патерици или имаат протеза.

-Во ред е да се користат изрази како: „оди“ или „ајде да прошетаме“ кога разговарате со корисник на инвалидска количка. Тоа се подразбира како покана да се движите во иста насока.Дел од лицата кои користат инвалидски колички се со различни физички способности. Некои можат да се движат на кратки растојанија со помош на патерици. Тие користат инвалидска количка, бидејќи им помага да ја зачуваат силата и поефикасно да се движат на долги растојанија.

-Не ги сметајте лицата со ортопедски помагала како болни. Ортопедските помагала се во функција на помош, да се прилагодат или да ги компензираат оштетените функции за движење.

-Некои од причините за користење на ортопедски помагала може да бидат: оштетување на ‘рбетниот мозок, мозочен удар, ампутација, мускулна дистрофија, церебрална парализа, мултиплекс склероза, детска парализа, срцеви заболувања, тешки форми на ревматски појави и многу други причини за телесна попреченост.

-Внимавајте на предрасудите! Немојте да ги ставате ортопедските помагала во негативна конотација. Кога инвалидската количка е добро опремена, и е според корисникот, тоа значи дека му дава слобода во движењето и можност да биде вклучен во секојдневните активности.

-Доколку разговарате со личност која има нарушување во говорот, а не сте ја разбрале, замолете ја личноста да повтори.

-Кога разговарате со лице со оштетен слух, свртете се директно кон него, не го кревајте гласот и не му зборувајте на уво. Таа личност ќе ги разбере вашите изрази на лицето, ќе ги чита вашите усни или ќе користи помошник за да им ги пренесе вашите зборови со помош на знаковен јазик. Доколку ситуацијата ви дозволува , можете и да пишувате.

-Во сообраќајот почитувајте ги лицата со попреченост кои возат и имаат лепенка на возилото. Зголемете го растојанието, намалете ја брзината и бидете претпазливи. Повеќето се добри возачи, но со малку побавни реакции, бидејќи тие возат на рачни команди.

-Во јавниот превоз, не ги зафаќајте местата означени за лица со попреченост. Доколку се зафатени, понудете го вашето. Исто така помогнете при качување и симнување.

-Не заборавајте дека лицата со попреченост имаат приоритет во јавните институции и на сите други места.

-Не ги милувајте кучињата водичи или други животни кои им помагаат на лицата со попреченост. Тие работат.

Имобилизатор за колено за деца:Имобилизаторот за деца се користи во ситуации кои бараат стабилизација на коленото и цело...
18/04/2023

Имобилизатор за колено за деца:

Имобилизаторот за деца се користи во ситуации кои бараат стабилизација на коленото и целосна екстензија (исправена положба 180°). Toa e овозможено со помош на челичните шипки странично и на задната страна на ортозата.
Обезбедува пост-оперативна имобилизација по операции на пателарен, артрален и колатерален лигамент.
Се користи како поддршка и за позиционирање при одење во случаи на спастичен долен екстремитет и парализа, како и при повреди на колено од спортска природа.

Помагала за олеснување на секојдневните активности!Изработени од лесен и цврст материјал при што чекорењето е сигурно и ...
17/04/2023

Помагала за олеснување на секојдневните активности!

Изработени од лесен и цврст материјал при што чекорењето е сигурно и безбедно.

ЕЛАСТИЧНИ КОМПРЕСИВНИ ЧОРАПИ        CCL 2(Подколени).Кружно ткаени чорапи со медицинска компресија кои се карактеризираа...
14/04/2023

ЕЛАСТИЧНИ КОМПРЕСИВНИ ЧОРАПИ CCL 2(Подколени).

Кружно ткаени чорапи со медицинска компресија кои се карактеризираат со висока издржливост.Чорапите се непроѕирни со што сокриваат проширените вени и се удобни за носење.Поради дебелината на материјалот се препорачуваат и кај лица со прекумерна тежина кои имаат мал до тежок облик на венски едем (оток во нозете), како и за лица со меко сврзно ткиво.

✨Анатомското перниче за потпора на лумбалниот дел од ‘рбетот овозможува дополнителнаподдршка за правилно и удобно седење...
13/04/2023

✨Анатомското перниче за потпора на лумбалниот дел од ‘рбетот овозможува дополнителна
поддршка за правилно и удобно седење, а со тоа и намалување на болката во грбот при возење и подолго седење.

🔵Перничето има еластичен ремен кој овозможува прицврстување за столот или седиштето во автомобилот, овозможувајќи максимален комфорт.

Address

Ulica Boro Kalajdzieski

6330

Opening Hours

Monday 09:00 - 16:00
Tuesday 09:00 - 16:00
Wednesday 09:00 - 16:00
Thursday 09:00 - 16:00
Friday 09:00 - 16:00
Saturday 09:00 - 15:00

Telephone

+38975630300

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Orthomed Struga posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

  • Want your practice to be the top-listed Clinic?

Share

Share on Facebook Share on Twitter Share on LinkedIn
Share on Pinterest Share on Reddit Share via Email
Share on WhatsApp Share on Instagram Share on Telegram