Центар за патологија на глас, говор и јазик – Логопедик Тео.
Логопедска и дефектолошка превентива, дијагностика, терапија, третман и рехабилитација.
Логопедот е специјалист по комуникативните нарушувања, кој се занимава со превенција, детекција, испитување, дијагностика и корекција на различни јазикови – говорни нарушувања, нарушена комуникација, јазик, говр и глас, на деца и возрасни.
Дефектологот е стручно лице кое врши дијагностика, третман и рехабилитација на деца со физички и ментални нарушувања и проблемите на нивно обучување и воспитување.
Центарот за патологија на глас, говор и јазик врши комплетна логопедска и дефектолошка дијагностика , третман , терапија и рехабилитација на:
- Говорнен и јазичен статус
;- Неманје на говор после 2 година на детето- Слаб или целосно неразвиен говор ( Alalia, Razvojna Dysphasia – Alalia / Dyslalia )
- Нарушен сензорен говор ( слушен говр – лицето не може да го разбере говорот)
- Нарушен моторен говор ( речев говор – лицето не може да одговори )
- Пореметен глас и говор како резултат на расцеп на устата и непцето
- Нарушено изговарање на звукови ( букви Р, Л, С, Ч .. )
- Нарушен течен говор ( Пелтачење )
- Aleksia / Dysleksya ( проблеми со читање)
- Agraphya / Dyspraksya ( проблеми со пишување)
- Хиперактивност со или без дефицит на внимание
- Дијагностика, третман и рехабилитација на лица со Аутизам. Даунов синдром, Церебрална парализа,
- Моторна и сензорна Aphasia / Dysphasia, како резултат на нарушувања во мозокот ( пр. мозочен удар)
- Dysphagia - пореметено голтенје и храненје;
- Dysarthria - нрушување на говорната комуникација поради парализа , слабост или некоординација на говорната мускулатура
- Apraxia - нарушување на капацитетот да се програмираат сензомоторните команди или позиционирање и движење на мускулите за волева продукција на говоро.
Во нашиот центар има и сензорна соба. Сензорната соба е простор, во која се работи со сетилата. Професионалната работа на терапевтот и самата предизвикувачка атмосфера, ни овозможува да постигнаме максимални резултати, и е адекватна како за здрави деца, така и за деца со специјални и специфицни потреби ( ДЦП, проблеми од аутистичниот спектар, сензорно – интегретивна дисфункција, сензорни нарушувања, јазико – говорни нарушувања, проблеми со поведението, хиперактивни деца и друго ).Сензорната стимулација има исклучителна важна улога, и претставува придружна, основна и задолжителна терапија. Запознавањето на средината е основен фактор за развивањето на лично искуство и потенцијал, кое се случува максимално ефективно во адаптирана сензорна соба, која сеизвршува и постигнува преку сетилата, низ самата игра. Секое дете има потреба од сензорна стимулација. Сензорната терапија му помага на детето да се запознае самото себе, и му помага во развивањето на говорот, моториката, вниманието. Сензорната соба е подготвена така што е забавна за детето, кое може да експирементира и да ги изразува своите желби за и низ игра.Во сензорната соба се постигнува:
- Предизвикување, стимулирање и провоцирање на сетилата;
- Упознавање на собственото си тело;
- Поефективна перцепција ( примања, усвојувања ) на сложената сетилна информација;
- Провоцирање на интересот и насоченото внимание;
- Решавање на двигателните проблеми;
- Издржливост, сила, повтарање на задачите;
- Преовладување на одреден страх;
- Адаптација во новата средина, применување на правила;
- Интерактивно учење;
- Се обработуваат добиените информации, низ игра и релаксирање;
- Намалување и справување со хиперактивноста;
- Задржување на вниманието и друго.