ПЗУ Анабела- Медика

ПЗУ Анабела- Медика Професионална здраствена грижа за целото ваше семејство- вклучувајки и деца.

25/01/2025

ПЗУ Анабела Медика бара медицинска сестра со положен државен испит, со или без работно искуство ! 🏥🩼👩🏻‍⚕️
Број за контакт : 075 533 767

11/11/2024

Почитувани пациенти,сите кои имаат 18 год,а сеуште учат или студираат низ Македонија,земете си потврди од Вашите училишта и однесете ги во фонд за здравство за да може да имате здравствено осигурување.

🔹Ултразвук е безбедна, брза и ефикасна метода со која се прегледуваат внатрешните органи и се добиваат податоци за нивна...
08/02/2023

🔹Ултразвук е безбедна, брза и ефикасна метода со која се прегледуваат внатрешните органи и се добиваат податоци за нивната големина, локализација и морфологија, како и при евентуално присуство на патолошки промени.

🔹Ултразвучниот преглед на абдоменот е безболна и безбедна метода со чија помош лекарот ги прегледува органите сместени во внатрешноста на абдоминалната празнина.

Кои органи се прегледуваат со ултразвук на абдомен?

🔹Со ултразвук на абдомен се прегледуваат црн дроб, жолчно ќесе, жолчни патишта, панкреас, слезина, двата бубрега, надбубрежни жлезди, мочен меур, простата (кај мажи), како и големите крвни садови и лимфни јазли во стомачната празнина.

🔹Со ултразвучен преглед на абдомен може да се откријат и следат различни заболувања како:

* вродени аномалии, воспалителни промени, цисти
* бенигни и малигни тумори
* цироза на црниот дроб, присуство на камен во жолчно ќесе или бубрег
* присуство на слободна течност во абдоминалната празнина (асцит)
* проширување (анеуризма) и наслаги (плакови) на големите крвни садови и тн.

☎️Закажете термин на 075/533-767 или 034/ 552-000.
🏥ПЗУ АНАБЕЛА МЕДИКА
📍Ул. 24 Октомври 7/2, Струмица.
🕥 08:00 - 20:00 h , Понеделник-Петок.

▫️Пореметувањата во поглед на функцијата на тироидната жлезда се карактеризираат со намалено или зголемено лачење на тир...
23/01/2023

▫️Пореметувањата во поглед на функцијата на тироидната жлезда се карактеризираат со намалено или зголемено лачење на тироидните хормони.

▫️Ненавремено откривање на нарушена функција на тироидната жлезда може да води до посериозни здравствени состојби.

КОГА ДА СЕ ЈАВИТЕ НА ЛЕКАР?

Побарајте медицинска помош ако развиете симптоми на хипертироидизам( зголемено лачење на тироидни хормони):
🔹нагло слабеење, иако вашиот апетит е нормален или зголемен;
🔹забрзана работа на срцето;
🔹несоница;
🔹нервоза или раздразливост;
🔹зголемено потење;

Посетете лекар и доколку имате симптоми и знаци што укажуваат дека тироидната жлезда не произведува доволно тироидни хормони (хипотироидизам), кое вклучува:
🔹поспаност;
🔹замор;
🔹дебелеење и покрај истиот начин на исхрана;
🔹проблеми со меморијата;
🔹сува кожа;
🔹опстипација;

☎️Закажете термин на 075/533-767 или 034/ 552-000.
🏥ПЗУ АНАБЕЛА МЕДИКА
📍Ул. 24 Октомври 7/2, Струмица.
🕥 08:00 - 20:00 h , Понеделник-Петок.

✅ ехо на абдомен;✅ ехо на тироидна жлезда;✅ ехо на простата;Закажете термин на ☎️ 075/ 533-767;Грижата за Вашето здравје...
20/01/2023

✅ ехо на абдомен;
✅ ехо на тироидна жлезда;
✅ ехо на простата;

Закажете термин на ☎️ 075/ 533-767;
Грижата за Вашето здравје е наш приоритет ! 😷💊🏥
ПЗУ Анабела Медика 🚑👩‍⚕️

Промотивен ехо преглед за месец декември:☑️ ехо на абдомен;☑️ ехо на тироидна жлезда;☑️ ехо на простата;Закажете термин ...
19/12/2022

Промотивен ехо преглед за месец декември:
☑️ ехо на абдомен;
☑️ ехо на тироидна жлезда;
☑️ ехо на простата;

Закажете термин на ☎️ 075/ 533-767;
Грижата за Вашето здравје е наш приоритет ! 😷💊🏥
ПЗУ Анабела Медика 🚑👩‍⚕️

01/10/2022

IZVESTUVANJE

Uchenicite koi napolnile 18 godini, treba da dostavat potvrda-za redoven ucenik, vo Fondot za zdravstveno osiguruvanje - Strumica do 31.10. 2022 za da im se prodolzi osiguruvanjeto, vo sprotivno, ke se lekuvaat privatno. Istoto se odnesuva I za studentite koi redovno zapisale semestar.

23/05/2022
18/03/2022

Како на најбезболен начин, без траума, носење и без чекање во чекалниците да му се помогне на детето во домашни услови? Многу родители спасот го наоѓаат во инхалатор...

11/02/2022

Фондот за здравствено осигурување годишно издвојува 70 милиони денари за плаќање на здравствените услуги за специјализирана медицинска рехабилитација (бањско лекување) на осигурениците.

Правото на специјализирана медицинска рехабилитација се остварува врз основа на барање од осигуреното лице кое се поднесува:

• во рок од 1 месец по завршеното болничко лекување;
• во рок од 1 месец по неопходен контролен преглед или
• во рок од 3 месеци по прележан инфаркт на срцето, хируршка интервенција на срцето и сите хируршки зафати на градниот кош со респираторна патологија.

Правото на специјализираната медицинска рехабилитација како продолжено болничко лекување се остварува со Решение од Фондот, донесено врз основа на Мислење од Лекарската комисија на Фондот со приложена медицинска документација:

• конзилијарно мислење издадено од соодветната клиника или болница каде се лекувал осигуреникот и
• отпусно писмо од клиниката или болницата, односно специјалистички извештај од соодветната болничка установа во која се наоѓал на болничко лекување.

Специјализирана медицинска рехабилитација може да трае најмногу 21 ден. Осигуреното лице може да оствари право на специјализирана медицинска рехабилитација како продолжено болничко лекување за утврдено заболување само еднаш во текот на една година, сметано од денот на утврдувањето на правото.

При остварување на ова право осигуреното лице учествува со лични средства (партиципација) во вкупниот трошок на здравствени услуги во износ од 200 денари на ден, за користење на стандардни услови на сместување (собата). Учеството од 200 денари на ден го опфаќа и користење на термоминералната вода на бањата.

Медицинска рехабилитација треба да започне најдоцна 2 месеци од добивањето на решението.

Согласно Правилникот за содржината и начинот на остварувањето на правата и обврските од задолжителното здравствено осигурување како стандардни болнички услови за сместување на болни осигурени лица се смета сместување во болничка соба со 2 или повеќе болнички кревети. На осигуреното лице може да му се наплатат дополнителни средства според ценовник на бањата за натстандардни услови на сместување, доколку бањата ги има исполнето условите согласно Правилникот и доколку осигуреникот даде писмена согласност.

Како болнички услови од повисок стандард согласно Правилникот, се смета сместување во еднокреветна соба, обезбедена со телевизор, радио, телефон и посебна нега.

22/12/2021

What parents need to know.

Address

24 Октомври 7/2
Strumica
2400

Opening Hours

Monday 08:00 - 20:00
Tuesday 08:00 - 20:00
Wednesday 08:00 - 20:00
Thursday 08:00 - 20:00
Friday 08:00 - 20:00

Telephone

+38934552000

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ПЗУ Анабела- Медика posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share

Share on Facebook Share on Twitter Share on LinkedIn
Share on Pinterest Share on Reddit Share via Email
Share on WhatsApp Share on Instagram Share on Telegram

Category