PZU Dr Svetlana/ПЗУ Др Светлана

PZU Dr Svetlana/ПЗУ Др Светлана ПЗУ Д-р Светлана е ординација по семејна медицина која се грижи за Вашето здравје и здравјето на Вашите најмили повеќе од една деценија.

Ординацијата располага со специјалист педијатар и специјалисти по семејна медицина што е одличен избор за Вашата здравствена заштита од мали нозе па се до длабока старост.

Тимот на ПЗУ Др Светлана ви посакува Среќна Нова Година и Среќни Божиќни празници!
30/12/2022

Тимот на ПЗУ Др Светлана ви посакува Среќна Нова Година и Среќни Божиќни празници!

Денес е светскиот ден на дијабетот или шеќерната болест. Препораки за пациентите: Едни од првите знаци за дијабет се жед...
14/11/2022

Денес е светскиот ден на дијабетот или шеќерната болест.

Препораки за пациентите: Едни од првите знаци за дијабет се жед, често мокрење, зголемен апетит. Доколку ова го забележите веднаш да се јавите на лекар.

За пациентите со веќе утврдена дијагноза - не ги заборавајте редовните контроли!!!

НАСТИНКИ КАЈ ДЕЦАТАЕсента е период од годината што се карактеризира со чести промени на температурите и временските усло...
07/10/2022

НАСТИНКИ КАЈ ДЕЦАТА

Есента е период од годината што се карактеризира со чести промени на температурите и временските услови. Ваквите временски услови се погодни за ширење и развој на микроорганизмите коишто предизвикуваат настинки. Децата се најпогодена возрасна група поради се уште во целост неразвиениот имунитет кон најчестите вируси што предизвикуваат клиничка слика на акутен назофарингит односно настинка.

Симптомите и знаците што се јавуваат при настинка се малаксаност, благо покачена температура, назална секреција, замор, а некогаш може и како единствен симптом да се јави назална секреција.

Пренесувањето е аерокапково, преку кашлање, кивање, па затоа децата кои одат во градинка се поизложени.
Родители, не кревајте паника. Само хидрирајте го доволно вашето дете, со вода и топли напитоци, солен раствор доколку има назална опструкција, и регулирање на телесната температура.

Доколку симптомите се поизразени, како висока ТТ којашто не реагира на терапија, појава на интензивна кашлица, веднаш консултирајте се со вашиот матичен доктор.

НАШИОТ ТИМ ВИ СТОИ СЕКОГАШ НА РАСПОЛАЊЕ.

Денес е светски ден на срцето.Препораки за пациентите со хронични кардиоваскуларни болести: 1. Вршете контроли кај карди...
29/09/2022

Денес е светски ден на срцето.

Препораки за пациентите со хронични кардиоваскуларни болести:

1. Вршете контроли кај кардиолог/интернист еднаш годишно
2. Прошетка од 40минути на ден му годи на вашето срце
3. Трудете се да ја намалите абдоминалната дебелина во обем
4. Хранете се здраво и пијте течности во доволни количини

ГРИЖЕТЕ СЕ ЗА ВАШЕТО СРЦЕ!!!

Се почеста е депресијата и кај децата. Ковид 19 пандемијата, се поголемата употреба на смартфони, таблети и други медиум...
26/09/2022

Се почеста е депресијата и кај децата.

Ковид 19 пандемијата, се поголемата употреба на смартфони, таблети и други медиуми за електронска комуникација, булингот на училиште и во градинка, семејните расправии, допринесуваат за појава на депресивни симптоми кај децата.
Доколку детето покаже некои од овие симптоми треба да се евалуира соодветно, и доколку е потребно да се побара стручна помош:

 Чувство на раздразливост, лутина или фрустрираност
 Губење на интерес за школските активности и задачи
 Повлекување или избегнување на пријатели и социјални активности
 Преголема самокритичност и намалена самодоверба
 Избегнуваат да прават работи во кои предходно уживале
 Промени во апетитот (зголемен или намален)
 Промени во сонот (спие повеќе или пократко од вообичаеното)
 Плачливост, чувство на осаменост и безнадежност
 Чувство на замор или намалена енергија
 Промени во хигиенските навики и грижата за себе
 Чувство на вина и засраменост
 Самоповредување
 Самоубиствени мисли и мисли за смрт

Денес е светски ден посветен на Алцхајмеровата болест! Оваа болест е форма на деменција, се карактеризира со атрофија  н...
21/09/2022

Денес е светски ден посветен на Алцхајмеровата болест!

Оваа болест е форма на деменција, се карактеризира со атрофија на мозочното ткиво, и последователен губиток на мозочните функции.

Оваа болест е најтешка за семејството на болниот, бидејќи болниот бара посебна грижа.

20СЕПТЕМВРИ Е МЕЃУНАРОДЕН ДЕН ЗА ПОДИГАЊЕ НА СВЕСТА ЗА РАСТОТ КАЈ ДЕЦАТА!!!СЛЕДЕТЕ ГО РАСТОТ НА ВАШЕТО ДЕТЕ, ОТСТАПКИ ВО...
20/09/2022

20СЕПТЕМВРИ Е МЕЃУНАРОДЕН ДЕН ЗА ПОДИГАЊЕ НА СВЕСТА ЗА РАСТОТ КАЈ ДЕЦАТА!!!

СЛЕДЕТЕ ГО РАСТОТ НА ВАШЕТО ДЕТЕ, ОТСТАПКИ ВО КРИВАТА НА РАСТ МОЖАТ ДА НИ ОТКРИЈАТ НАВРЕМЕНО МНОГУ РАБОТИ!

РЕДОВНА КОНТРОЛА НА РАСТОТ ДО ПЕРИОДОТ НА ПОЛНОЛЕТСТВОТО!

20/09/2022

Кои се придобивките доколку сте наш пациент?
1. Амбулантата има договор со ФЗОМ
2. Лекарски услуги од специјалист педијатар со ПОВЕЌЕ ОД 40ГОДИНИ РАБОТНО ИСКУСТВО
3. Специјалисти по семејна медицина со повеќе од 10ГОДИНИ РАБОТНО ИСКУСТВО
4. Достапност
5. На располагање ви стојат два тима во две смени

ПОДИГАЊЕ НА СВЕСТА ЗА КОЛОРЕКТАЛНИОТ КАРЦИНОМ Колоректалниот карцином или КРК е малигна болест на дебелото црево. Болест...
20/09/2022

ПОДИГАЊЕ НА СВЕСТА ЗА КОЛОРЕКТАЛНИОТ КАРЦИНОМ

Колоректалниот карцином или КРК е малигна болест на дебелото црево. Болеста најпрво го зафаќа дебелото црево, потоа се шири – метастазира во организмот и доведува до смрт.
КРК е болест којашто може да се открие во рана фаза, односно додека лезијата во дебелото црево е се уште бенигна и да се спречи да прерасне во рак односно малигна лезија.

Карциномот на дебелото црево најпрво започнува како полип кој е локализиран на слузницата на дебелото црево. Тој полип е бениген, и со тек на време расте ја менува својата структура, малигнизира, ги разорува околните структури, дава и далечни метастази. Од појавата на лезијата до малигнизирањето се потребни околу 10години.

Нема специфична причина за појава на оваа болест, туку склоп на повеќе фактори како: генетска предиспозиција, нездрава исхрана, пушење, алкохол.

Симптоми коишто се јавуаат при постоење на полип на дебелото црево: опстипација, нередовни столизи, подуеност во стомакот, дијареа, анемија, крв во столицата.

При постоење на овие симптоми веднаш треба да се упатите кај вашиот матичен лекар и да се направат потребните иследувања.

Доколку пациентот има роднина од прво колено со КРК, по 50тата година е потребно правење на колоноскопија еднаш годишн.

ИЗБЕРИ ЖИВОТ – СПРЕЧИ ЈА БОЛЕСТА НА ВРЕМЕ.
КОНТРОЛИРАЈ СЕ РЕДОВНО
ГРИЖИ СЕ ЗА СВОЕТО ЗДРАВЈЕ.

Децата во споредба со возрасните имаат поголем ризик од дехидратација. Затоа препорачуваме, во летните месеци, да не ги ...
28/06/2022

Децата во споредба со возрасните имаат поголем ризик од дехидратација. Затоа препорачуваме, во летните месеци, да не ги изложувате на сонце во периодот од 11 до 17h и да пијат поголемо количество на течности.

Тимот на ПЗУ Д-Р СВЕТЛАНА порачува: Заштитете се навреме од сончевата светлина во летниот периодИзгорениците од сонце се...
21/06/2022

Тимот на ПЗУ Д-Р СВЕТЛАНА порачува: Заштитете се навреме од сончевата светлина во летниот период

Изгорениците од сонце се појавуваат како резултат на предолго изложување на сончева светлина, т.е. УВ-зраците. УВ-зраците можат да бидат УВА, УВБ и УВЦ. Само УВА и УВБ зраците допираат до површината на земјата. Популарните солариуми исто така создаваат УВ светлина којашто може да предизвика изгореници.

Не се залажувајте дека само директното изложување под сончевата светлина може да предизвика изгореници. Можете да пострадате дури и кога времето е облачно, затоа што скоро 90% од сончевите зраци продираат низ облаците.

Во летниот период употребата на заштитен фактор за сонце е неопходна, за заштита на кожата. Предолгото изложување на сонце може да доведе до изгореници на кожата, воспаленија, дури и до карцином на кожа.

На местото на изгорената кожа се појавува црвенило, чешање и меури. Може да дојде до појава и на системски сипмтоми како замор, главоболка, малаксаност. Во овие моменти најважна е хидрираноста на телото - конзумација на течности, туширање, ладење на телото и доколку има потреба користење на антипиретик.

Доколку ги имате овие симптоми, веднаш јавете се кај вашиот матичен лекар!!!

Address

Ulica Kole Nedelkovski Br. 5
Tetovo
1200

Opening Hours

Monday 08:00 - 19:00
Tuesday 08:00 - 19:00
Wednesday 08:00 - 19:00
Thursday 08:00 - 19:00
Friday 08:00 - 19:00
Saturday 09:00 - 14:00

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when PZU Dr Svetlana/ПЗУ Др Светлана posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Practice

Send a message to PZU Dr Svetlana/ПЗУ Др Светлана:

Share

Share on Facebook Share on Twitter Share on LinkedIn
Share on Pinterest Share on Reddit Share via Email
Share on WhatsApp Share on Instagram Share on Telegram