Физикална терапија

Физикална терапија Физикална терапија е гранка во медицината која го проучува биолошкото дејствување на поедини облици на физикалната енергија.

Научните студии докажуваат дека маските се ефикасен начин да го спречиме ширењето на коронавирусот. Последното истражува...
07/11/2020

Научните студии докажуваат дека маските се ефикасен начин да го спречиме ширењето на коронавирусот. Последното истражување спроведено во Јапонија прецизно го утврдува процентот на заштита од различниот тип на маски. Носењето маска значи грижа за здравјето на сите околу нас и значаен придонес во битката со пандемијата. #НосамМаска

21/06/2020
24/08/2019

Сколиозата е искривување на 'рбетот во рамнината на грбот или искривување на оската од нормалната исправена положба. Ако 'рбетот е исправен кај здраво лице, тогаш со сколиоза тоа личи на буквата S (слика подолу). На еден или друг начин, околу 2% од населението (вклучувајќи ги и децата) во нашата земја имаат почетен или потежок степен на сколиоза. Покрај тоа, 80 проценти од нив имаат стекнато сколиоза, што е поврзано со нездравиот начин на живот, недостатокот на физичка активност и вежбање, со што би се развиле мускулите.

Тортиколис е состојба на скратување на вратниот мускул на бебето (настанување на хематом на мускулот поради кинење на му...
18/08/2019

Тортиколис е состојба на скратување на вратниот мускул на бебето (настанување на хематом на мускулот поради кинење на мускулните влакна) при што бебето главата ја држи наведната на страната на која се наоѓа скратениот мускул, а доколку не се третира може да дојде и до искривување на вратот и неможност целосно да ја врти главата на двете страни ( лево - десно) т.е му стои укочена на едната страна. Најчесто се јавува меѓу 3 и 4 недела од животот на бебето и доколку се реагира брзо резултатите побрзо доаѓаат. Се лечи првенствено со мачкање на крем за сузбивање на хематом и вежби за да не дојде до укоченост и за да се вежба и истегнува мускулот.

Sa malom Irinom smo radili vežbe za tortikolis i vežbe koje prate motorni razvoj deteta. Vežbe se obično rade oko sat vremena, moguće je da se u toku terapij...

Паркинсоновата болест е „прогресивно заболување на нервниот систем“ која примарно влијае на движењето на пациентите. Чес...
18/08/2019

Паркинсоновата болест е „прогресивно заболување на нервниот систем“ која примарно влијае на движењето на пациентите. Често започнува со мал потрес во раката или вкочанетост на мускулите и се влошува постепено. Не постои тест за неа и понекогаш погрешно се дијагностицира.
Симптоми

Овие пациенти често имаат проблем со одењето и говорењето. Симптомите вклучуваат забавено движење, губење на рамнотежа и неразбирлив говор. Може да имате намалена способност за вршење на несвесни движења како трепкање, смешкање или нишање на рацете кога одите. Симптомите се често поизразени на едната страна, заболувањето е почесто кај мажите отколку кај жените и тоа кај лица над 50 години.

Што ја предизвикува болеста?

Телото користи допамин за да се контролираат движењата, но нервните клетки што го произведуваат изумираат кога се појавува болеста. Научниците сé уште немаат цврсти докази, но веруваат дека причинителите се од генетска природа и од околината. Во некои случаи истражувачите идентификувале мутација на ген што се пренесува од генерација на генерација и ја предизвикува болеста. Но, во повеќето случаи, се работи за комбинација на повеќе мутирани гени.

Многу студии ја поврзуваат болеста и со хемикалии од околината, но тие треба да се во огромни количини за да се причинител за болеста и за ова нема цврсти докази.

Како се третира?

Не постои лек за Паркинсонова болест, но докторите може да им помогнат на пациентите да ги ублажат симптомите. Се користат лекови што го стимулираат создавањето на допамин, електроди за стимулација на мозокот или алтернативни методи како таи чи терапија.
Неодамнешна студија на Универзитетот Харвард покажала дека состојбата на пациентите се подобрила кога им било трансплантирано ткиво од допамински клетки од фетус, во мозокот. Подобрувањето кај некои случаи било и до 50% од случаите. Овој вид на зафат се покажал ефективен и кај пациентите што станале отпорни на лекот за стимулација на создавањето на допаминот.

04/07/2018
Ишијасот претставува болка во грбот која се спушта кон една од двете нозе, познат е уште како Лумбоишијалгија, а настану...
12/02/2018

Ишијасот претставува болка во грбот која се спушта кон една од двете нозе, познат е уште како Лумбоишијалгија, а настанува со притискање на нервот ишијадикус, најдолгиот нерв во периферниот нервен систем, се протега од задникот до стапалата.
Ишијасот настанува поради дегеративните промени и прераното стареење на дискусите меѓу прешлените, исто така настанува и поради неправилното одење и седење, носење на обувки на висока потпетица, истегнување на мускулите, подигнување на голем товар, вишок килограми. Оштетениот дискус и воспаление на седечкиот нерв може да предизвика ишијас.

Симптоми

Најчести симптоми се болка и вкочанетост во лумбалниот предел на ’рбетот, кои вообичаено се јавуваат после некој напор, свиткување и подигнување товар. Болката од долниот дел на грбот се спушта преку колкот, задниот дел од надколеницата, преку подколеницата се до прстот од ногата. Болката може да биде тапа, силна и остра, привремена или постојана, а со зголемување при секој напор, кашлање, кивање и често е проследена со трнење. Подигнување на ногата во лежечка положба води до истегнување на нервот ишијадикус и појава на болка.

Дијагноза и лекување

Во зависност од симптомите и лекарскиот преглед, може да се постави дијагноза, а потоа да се определи терапија во вид на против воспалителни лекови и аналгетици, лекови за опуштање на мускулите, а понекогаш и кортикостероиди. Во некои случаи, неопходно е, после смирување на болките и воспаленијата, да биде вклучена и физикална терапија, или пак дополнителна дијагностика како електомиографија (ЕМГ), која ќе покаже во колкав степен е оштетен коренот на нерв]от. Оперативен зафат ретко се препорачува, освен кога веќе болките се неподносливи и кога притисокот на нервот предизвикува паѓање на стапалата и нарушено празнење на мочниот меур и цревата.

Превенција
За да се намали ризикот од појавата на ишијас и болка, потребно е:

лежење и спиење на тврд душек на страна и со перница помеѓу колената;
при седење потребно е максимална исправеност на ’рбетот;
при стоење тежината рамномерно тежината да биде распределена на двете нозе;
здрава исхрана;
физичка активност.

Вака изгледа оперативно решена дискус хернија!
26/10/2015

Вака изгледа оперативно решена дискус хернија!

Како да се намали болката кај Ревматоиден Артритис!
07/10/2015

Како да се намали болката кај Ревматоиден Артритис!

When treating rheumatoid arthritis pain, use a paraffin bath and saran wrap to get heat to joints. Use a paraffin bath for relief from rheumatoid arthritis p...

Рамни стапала во детската возрастНајчест деформитет застапен во детската возраст и најчеста причина за посета на ортопед...
21/09/2015

Рамни стапала во детската возраст

Најчест деформитет застапен во детската возраст и најчеста причина за посета на ортопедските и физијатриските ординации е рамно стапало.

Под рамни стапала подразбираме спуштање на надолжниот свод на стапалото, односно израмнување на медијалниот лак. Постојат податоци дека е застапено во 90 проценти од детската популација, а причина e современиот стил на живеење.
Се смета дека до 5 годишна возраст не треба да се алармира бидејќи кај децата е присутно масното перниче. Но сепак треба после 3 годишна возраст да се спроведат активности за јакнење на мускулатурата, затегање на лигаментарниот апарат на стапалото, и максимално да се стимулираат децата да одат боси (особено по нерамен терен). Ова се објаснува дека децата во текот на растот постојано го менуваат обликот на стапалата (пластичност и ремоделирање) секако со индивидуални разлики.

Дополнителни причинители за формирање на рамно стапало (покрај наследноста) се: намалена физичка активност (компјутеризација), гојазност (зголемена телесна тежина), нарушена статика на нозете, слабост на лигаментарниот апарат, слаба мускулатура (слаба подвижност), конституционални одлики на индивидуата.
Дијагнозата се поставува со ортопедски и физијатриски преглед со набљудување на детето во стоење, одење, плантограм (отисок), тестови за подвижност на стапалата, мерење со GPS апарат.
Најчесто се безболни (асимптоматски), визуелно забележливи, а во подоцнежна возраст можат да предизвикуваат тегоби како: болки во скочните зглобови, болки во подколеница, отоци и сл.

Третман:
Во најголем број случаи рамните стапала во детска возраст се безболни и повеќе козметички. Научно е потврдено дека превентивно ординирање на ортопедски влошки не влијае во понатамошниот развој на стапалата.

Се препорачува одење боси по нерамен терен
ВЕЖБИ:
- Фаќање камчиња со прстите на стапалата;
- Стапалата поставени паралелно на подлога и се изведува доближување на прстите кон петата;
- Одење на прсти;
- Одење на прсти на јаже;
- Топката се наоѓа на подлогата, со двете стапала се подига и држи топката;
- Во легната положба (со гумичка, јаже) двата ножни палци ги пофаќаме и се обидуваме да го скинеме јажето со одалечување на горниот преден дел од стапалото;
- Со партнер, легнати на грб еден наспроти друг со меѓусебно споени стапала се изведува туркање наизменично;
- Со партнер, легнати на грб еден наспроти друг. Стапалата се споени и се имитира возење велосипед;
- Се подига некој предмет од подлогата со помош на прстите од стапалото;
- Од легната положба на грб и раце покрај тело се изведува подигнување на труп на пети од подлогата;
- Подигнување на прсти и повторно враќање во почетна положба
Кај потешките случаи на симптоматско физиолошко рамно стопало кои не реагираат на почетниот конзервативен метод се ординираат специјално изработени индивидуални влошки кои порамномерно ја распоредуваат тежината на телото врз стапалата.

Address

Tetovo
1200

Website

http://www.moh-hsmp.gov.mk/fileadmin/user_upload/Dokazi/Fizikalna.pdf

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Физикална терапија posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share

Share on Facebook Share on Twitter Share on LinkedIn
Share on Pinterest Share on Reddit Share via Email
Share on WhatsApp Share on Instagram Share on Telegram