Our Story
ASSOCIATION pulmonary hypertension MOMENT PLUS Gevgelia,Macedonia is established as a non-partisan, nongovernmental and non-profit organization, established on the basis of freely and voluntarily expressed will of its members united to protect the rights of people with the disease of pulmonary hypertension and its assisting of the city of Gevgelia ,the Republic of Macedonia and beyond.
Здружението АСОЦИЈАЦИЈА ЗА ПУЛМОНАЛНА ХИПЕРТЕНЗИЈА МОМЕНТ ПЛУС Гевгелија е основано како непартиска, невладина и непрофитна организација, формирана врз основа на слободно и доброволно изразена волја на неговите членови здружени заради заштита на правата на лугето со заболување од ПУЛМОНАЛНА ХИПЕРТЕНЗИЈА и нивно потпомагање на територијата на град Гевгелија, Република Македонија и пошироко.Целите и задачите на Здружението се:
-Заштита на луѓето со Пулмонална Хипертензија,
-Запознавање на општеството со особините на заболувањата, профилактиката или превентивната медицина, дијагнозата, лечењето, и рахабилитацијата на Пулмоналната Хипертензија со физиолошките и психолошките последици од нив,
-Да се подигне свеста за постоењето на Пулмоналната Хипертензија во Република Македонија - како ретка и потенцијално смртоносна болест на белите дробови во која артериите на белите дробови се стеснуваат што резултира висок крвен притисок во белите дробови.
-Формирање на специјализирани медицински центри (ПХ центар) , каде што пациентите на Пулмонална Хипертензија можат да бидат навремено дијагностицирани, третирани, со стручни доктори кои ќе работат во областа на подобрување на лечењето пациенти со Пулмонална Хипертензија.
-Полесен начин до препорачаните лекови и покривање на трошоците за лекување од страна на здравственото осигурување,
-Потпомагање, обединување, насочување и информирање на лугето со пулмонална хипертензија и нивно адаптирање кон општеството,
-Потпомагање на професионален развој и квалификации на докторите во областа поврзана со профилактика, дијагностиката, лечењето и рехабилитација од Пулмонална Хипертензија,
-им помага на членовите при извршување на професионалните активности,
-насочување, потпомагање и развој за истражување на пулмоналната хипертензија во Република Македонија,
-Создавање на контакти со слични организации во Република Македонија и странство.
-Создавање и одржување на контакти и дијалог меѓу здружението и раководните органи и институции во Република Македонија, однос кон пулмоналната хипертензија (Министерство за здравство, Министерство за труд и социјална политика),
-Превземање на мерки и за надминување на емоционалните последици од болестите, професионални преквалификации и социјална рехабилитација на лугето со Пулмонална Хипертензија,