
13/08/2025
МЕСЕЧНИ ДОНАЦИИ И ДЕЛ ОД ПРОГРАМСКИТЕ АКТИВНОСТИ НА КОРИСНИЦИТЕ ОД ПОРАКА НАША
(јули/август 2025)
Топлото време, како и на сите други, ни донесе предизвици за имплементирање на повеќе социјални активности, но не ни пречи секојдневно да ги извршуваме останатите практични и когнитивни активности за развивање на вештините за самостојно живеење, а со дел од корисниците поинтензивно да работиме индивидуални проценки и активности за професионална рехабилитација преку кои продолжуваат да ги усовршуваат своите работни способности- со цел да станат поконкурентни на пазарот на трудот.
📍 Изминатиот период, беше финализирана и целосната поправка и реконструкција на влезните врата на дневниот центар.
📍 Голема благодарност до нашите долгогодишни пријатели и редовни месечни донатори:
-"Селман Туризам"
- "Арис Куманово"
- "Елида Маркети"
- "Форма дооел"
- "Бучен Козјак"
- "Визиана Mg"
- "Чичко Ефто (Ресторан Бастион)"
- " К-нет"
чии производи се користат исклучиво за потребите на корисниците со умерена и тешка интелектуална попреченоcт и полесно функционирање на Центарот за рехабилитација и реинтеграција на лица со попреченост кој што ги застапува правата и интересите на корисниците и нивните семејства.
За сите други информации преку Инфо центарот на Порака Наша 📋 или нарачки на персонализирани шолји и алуминиумски флаши со слика и текст по ваш избор кои корисниците ги изработуваат во рамки на програмските активности наменети за нивната професионална рехабилитација, контакт преку поштенското сандаче на нашата ФБ страна; Инстаграм профил ; e-mail: poraka.nasa@yahoo.com или директно во дневниот центар.
Ви благодариме за секоја искажана лична и општествена одговорност, донација, нарачка, иницијатива, посета, покана за настан или гости, но пред се за секое дружење или интерес на СИТЕ ВАС, кои со својот допринос овозможувате полесна и поактивна интеграција на лицата со умерена и тешка интелектуална попреченост во тековните општествени процеси.
Така градиме поинклузивно општество еднакво за сите.
❤️