Relax VIP - Centar za fizikalna terapija i masaza

  • Home
  • Relax VIP - Centar za fizikalna terapija i masaza

Relax VIP - Centar za fizikalna terapija i masaza ЦЕНТАР ЗА ФИЗИКАЛНА ТЕРАПИЈА И МАСАЖА

Студио "Релакс" постои од 2004 година и е ваш партнер за здравје и релаксација. Нудиме професионални услуги во физикална терапија и масажа со индивидуален пристап кон секој клиент.

Нудиме широк спектар на услуги во областа на физикалната терапија и масажата. Нашите услуги вклучуваат:
Електротерапија;
Ултразвучна терапија;
Ласерска терапија;
Парафинска терапија;
Вакум;
Стимулации;
Крио;
Кинезотер

апија (вклучувајќи и широк спектар на вежби);
Зонотерапија.
Третман при дискус хернија и други невролошки заболувања.
Третман при искривувања на р'бет (сколиоза, лордоза, кифоза...)
Рехабилитација по повреди на р'бетниот столб.
Лечење и рехабилитација при воспаление на зглобовите и воспаление на тетивите.
Третман при фацијална пареза (искривување на лице).
Постоперативни рехабилитации.
Третман при најразлични деформитети на стапала.
Третман при мозочен инсулт, церебрална парализа, мускулнa дистрофија, мултиплекс склероза...
Различни видови на масажи. (Релакс, медицинска, спортска, масажа на лице, антицелулитна масажа, лимфна дренажа...)
Ароматерапија.

Повелете во нашиот салон и дозволете ни да се погрижиме за вашето здравје.
Ве очекуваме со професионализам, грижа и пријатна атмосфера.

Ваш "Релакс Вип"

12/04/2026
И во месецот на љубовта Relax VIP е тука за вас и вашите најсакани! Израдувајте ја вашата подобра половина со наш ваучер...
11/02/2026

И во месецот на љубовта Relax VIP е тука за вас и вашите најсакани!
Израдувајте ја вашата подобра половина со наш ваучер или искористете ги промотивните попусти нa тандем масажите. Подарете си квалитетно време поминато во мир и релаксација - затоа што заедно е поубаво!

Закажете го вашиот термин на 071 233 001 / 071 233 002 или посетете нe.

Relax VIP - Centar za fizikalna terapija i masaza

07/01/2026

Христос се роди! ✨
Нека овој Божиќ ви донесе здравје кое ќе ве служи, мир кој ќе ве води и љубов која ќе ве грее. Ви посакуваме најубави празнични мигови исполнети со спокој.

Среќен Божиќ од срце ви посакува тимот на Relax VIP!🤍

31/12/2025

Тимот на Relax VIP од срце ви ја честита Новата 2026 година!
Ви посакуваме вашите домови да бидат исполнети со топлина, вашите срца со мир, а вашето тело со сила и леснотија. Нека новата година ви донесе безброј моменти на радост со најмилите.
Ви благодариме за довербата и ветуваме дека и во новата година ќе продолжиме да се грижиме за вас со истата љубов и посветеност. ✨
Среќна и бериќетна Нова година!

Се ближат најубавите и најтоплите семејни празници во годината! Центарот за физикална терапија и масажа Relax VIP ви под...
29/12/2025

Се ближат најубавите и најтоплите семејни празници во годината!

Центарот за физикална терапија и масажа Relax VIP ви подава рака со специјални попусти и подароци, со желба да ги направи вашите празнични мигови уште поспецијални. Бидејќи вашето здравје е наш приоритет!

Повелете, ве очекуваме. Закажете термин за бесплатен преглед кој ќе ни овозможи запознавање со вашата здравствена проблематика и дефинирање кој третман би бил најсоодветен за вашата состојба.
Нашиот стручен тим од дипломирани физиотерапевти и физиотерапевти во обука ве очекува секогаш со целосно внимание и професионалност да одговори на сите ваши потреби.

Ви стоиме на располагање:
🗓 Понеделник - Петок: 10:00 - 18:00
🗓 Сабота: 09:00 - 14:00

📍Посетете го нашиот центар или јавете се за повеќе информации!
071 233 001 / 071 233 002

Срдечно Ваш,
Relax VIP

Празниците се ближат, а ако сè уште ја барате вистинската идеја за вашите најблиски – имаме нешто што навистина ќе ги из...
17/12/2025

Празниците се ближат, а ако сè уште ја барате вистинската идеја за вашите најблиски – имаме нешто што навистина ќе ги израдува. 🤍

Подарете им време за себе и целосна релаксација. Нашите ваучери се тука за да им овозможат заслужен одмор, а ако сакате да уживате заедно, нашите тандем масажи се совршен начин да споделите убав момент во двајца. ✨

Тука сме да ви помогнеме да ги направите овие празнични денови уште попосебни. Дојдете, опуштете се и оставете нѐ да се погрижиме за вашето добро чувство. 🤗

🎄 Оваа година, подарете мир и здравје!

Ваш Relax VIP - Centar za fizikalna terapija i masaza

03/11/2025

🎉 Почитувани, Ви благодариме што учествувавте во нашата роденденска наградна игра! 🎉
Среќата овојпат беше на страна на 👉 Цаци Ристеска 👈
📩 Добитникот ќе биде контактиран во порака.

Честитки од целиот тим на центарот за физикална терапија и масажа Relax Vip! 🥳
На сите останати им се заблагодаруваме и посакуваме многу среќа. 🍀 Продолжете да не следите – затоа што Relax VIP - Centar za fizikalna terapija i masaza е секогаш тука за вас, за моменти на опуштање, уживање, позитивна енергија, како и грижа за вашето здравје, кое е секогаш наш приоритет.

#Здравје #ФизикалнаТерапија #Рехабилитација #Релаксација #Масажа #Честитки

🎉✨ РОДЕНДЕНСКО ИЗНЕНАДУВАЊЕ ВО RELAX VIP! ✨🎉Нашиот роденден не би бил ист без вас, па имаме едно посебно изненадување! П...
01/11/2025

🎉✨ РОДЕНДЕНСКО ИЗНЕНАДУВАЊЕ ВО RELAX VIP! ✨🎉

Нашиот роденден не би бил ист без вас, па имаме едно посебно изненадување!
Пo повод нашиот 21ви роденден, доделуваме РЕЛАКС МАСАЖА на најсреќниот добитник! 💆‍♀️💆‍♂️

За да учествувате:
1️⃣ Следете нè на нашата Facebook и Instagram страница ( https://www.instagram.com/relaxvip2004?igsh=MzRzeXIzZmI2bDFt )
2️⃣ Означете во коментар ваш близок.
3️⃣ Споделете ја оваа објава.
4️⃣ Лицето кое е означено треба да ја има споделено објавата.

🍀 Добитникот ќе биде избран во Понеделник (03.10.2025) по случаен избор и објавен на нашата Facebook страница.

Време е за релакс… и среќа! ✨💖

➡️ ДАЛИ СТЕ ЗАБЕЛЕЖАЛЕ...?▪️ болки во кичмата,▪️ болки во колената,▪️ болки во вратот и вртоглавица,▪️ замор при одење,▪...
08/10/2025

➡️ ДАЛИ СТЕ ЗАБЕЛЕЖАЛЕ...?

▪️ болки во кичмата,
▪️ болки во колената,
▪️ болки во вратот и вртоглавица,
▪️ замор при одење,
▪️ вкочанетост или тегоби во стапалата

Зошто толку често и младата популација страда од овие нарушувања❓️

✅️ Вистината е дека најчесто причината се крие токму во стапалата. Секое нивно мало нарушување било тоа да е стекнато или вродено, резултира со различни деформитети во р'бетот, колената (гонартроза), колковите (коксартроза), нарушувања на вратот, вртоглавици...
👣 Стапалата се основа и темел на човековото тело, токму на нив се потпира целата наша тежина.
🦶 Составени се од над 26 коски, над 30 зглобови, бројни мускули, лигаменти, фасции, нерви и крвни садови, кои заедно создаваат стабилност, рамнотежа и правилна статичност. Кога тие не функционираат правилно страда целото тело, од стапала, прелу колена и колкови па се до кичмата и вратот.
💡Добрата вест е што оваа појава може да се корeгира и лечи со навремена интервенција.
🏃‍♀️Со правилни и индивидуални вежби, стручна проценка и внимание, можеме да ја вратиме правилната функција и да го спречиме развојот на болки во телото.

Центар за физикална терапија и рехабилитација „Релакс Вип"
☎️ 𝟎𝟕𝟏-𝟐𝟑𝟑-𝟎𝟎𝟏/𝟎𝟕𝟏-𝟐𝟑𝟑-𝟎𝟎𝟐

06/10/2025

✨ ️РЕЛАКС МАСАЖА

Потполно физичко и психичко опуштање за постигнување на совршен баланс на духот и телото. Бавните и нежни движења делуваат смирувачки врз нервниот систем, се подобрува циркулацијата и тонусот на кожата.

🌿 МЕДИЦИНСКА МАСАЖА

Оваа масажа има за цел да ја намали болката. Да ја подобри циркулацијата, и со своето позитивно влијание да поттикне регенерација на ткивата, подобрување на нивната мобилност и физичките карактеристики. Бенефитите од медицинската масажа на грб и врат вклучуваат намален крвен притисок, оптимизирање на тонусот на мускулатурата, олеснета подвижности ослободување на стрес.

🤸‍♀️ СПОРТСКА МАСАЖА

Длабоки и динамични движења за опуштање на вашето тело мускулите, тетивите и лигаментите. Резултирајќи со благопријатно физичко и психичко дејство на телото.
Спортската масажа е најдобар начин да се забрза закрепнувањето на мускулите после добар тренинг. Соодветна за лица со повреди, хронични болки или ограничен опсег на движења.

👉 Што е сколиоза?Сколиозата претставува искривување на ’рбетот во форма на буква C или S, наместо неговата нормална прав...
01/10/2025

👉 Што е сколиоза?

Сколиозата претставува искривување на ’рбетот во форма на буква C или S, наместо неговата нормална права линија. Најчесто се јавува во детството или адолесценцијата, но може да се развие и подоцна во текот на животот.

🔎 Симптоми:

●Нееднакви раменици или колкови
●Искривена линија на грбот
●Болка или замор по подолго стоење
●Во потешки случаи – потешкотии со дишење

🌿 Превенција и грижа:

✔️ Редовна физичка активност
✔️ Вежби за зајакнување на грбните и стомачните мускули
✔️ Правилно држење на телото
✔️ Лекарски контроли кај деца во раст
✔️ Соодветни вежби и пливање (особено грбен стил)

👉 Раното откривање и соодветната терапија можат значително да ја подобрат состојбата и да го спречат понатамошното влошување.

✨ Во нашиот центар за физикална терапија и рехабилитација "Релакс Вип" нудиме:

✅ Бесплатна консултација
✅ Индивидуално прилагодени вежби со физиотерапевт и индивидуална програма за соодветниот пациент.
✅ Создавање на баланс во мускулатурата, намалување на болката, како и зајакнување на мускулатурата
✅ Поддршка и совети за секојдневна грижа

🌸 Тука сме за вас,
🕑 Од Пон. до Саб. во нашето работно време
(пон-пет. 10:00-18:00ч./саб. 09:00-14:00ч.)
нашиот тим ќе ви помогне со професионален пристап и пријатна атмосфера за подобро здравје и квалитетен живот.

☎️ Тел: 071-233-001/071-233-002

Address


6250

Opening Hours

Monday 10:00 - 18:00
Tuesday 10:00 - 18:00
Wednesday 10:00 - 18:00
Thursday 10:00 - 18:00
Friday 10:00 - 18:00
Saturday 09:00 - 14:00

Telephone

+38971233001

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Relax VIP - Centar za fizikalna terapija i masaza posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Practice

Send a message to Relax VIP - Centar za fizikalna terapija i masaza:

  • Want your practice to be the top-listed Clinic?

Share