Apollonia Foundation

Apollonia Foundation Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Apollonia Foundation, Gevgeliski Partizanski Odred 1, Gevgelija.

Apollonia Foundation, located in Gegvelija, Macedonia is active in the following program areas: Education, Culture, Children with Special Needs, Community support and Environment.

Аполонија Ликовната Колонија и оваа година продолжува да биде значаен културен настан во Гевгелија, која 21 година ги по...
25/06/2025

Аполонија Ликовната Колонија и оваа година продолжува да биде значаен културен настан во Гевгелија, која 21 година ги поврзува уметниците, љубителите на сликарството и поддржувачите на културната сцена.
На терасата на Хотел Аполонија, ќе бидат изложени дела создадени од врвни уметници од земјава и регионот.
Оваа колонија не е само изложба – таа е простор за размена на идеи, инспирација и емоции преточени во уметнички дела.
Ве покануваме да бидете дел од една вечер исполнета со уметност, разговори, боја и страст – вечер кога уметноста ќе зборува гласно и искрено.

На последниот ден од 2024 година, со гордост се потсетуваме на настанот кој ја одбележа оваа година — Првиот Донаторски ...
31/12/2024

На последниот ден од 2024 година, со гордост се потсетуваме на настанот кој ја одбележа оваа година — Првиот Донаторски Кружок во Гевгелија, одржан на 18 декември. Ја почувствувавме силата на хуманоста и заедничката поддршка.

Заедно постигнавме бројки за гордост:
👥 Над 100 граѓани се собраа за да ги поддржат локалните иницијативи.
💝 113 великодушни поединци, организации и компании придонесоа кон нашата мисија.
🙌 14 посветени волонтери овозможија настанот да биде беспрекорен успех.
🎁 За време на настанот собравме неверојатни 395,100 денари, а сега, благодарение на дополнителната дарежливост, износот надмина 400,000 денари — и расте!

Донаторскиот Кружок не завршува тука! Ако не успеавте да бидете дел од настанот, а сакате да се придружите на оваа неверојатна иницијатива, сè уште можете да донирате. Вашата поддршка може значително да го зголеми нашето влијание врз заедницата.

➡️ Придружете се на ова значајно патување. Погледнете ја сликата со нашата жиросметка и донирајте според вашите можности.

#ДонаторскиКружокГевгелија #ЗдружиСеЗаЗаедницата #Конект #ЗдружениеНаСлепиГевгелија #ГТК #ЦентарМајкаТерезаГевгелија

Почитувани гевгеличанки, гевгеличани и гевгеличанчиња, почитувани присутни на вчерашниот настан,Иако е тешко да се сумир...
19/12/2024

Почитувани гевгеличанки, гевгеличани и гевгеличанчиња, почитувани присутни на вчерашниот настан,

Иако е тешко да се сумираат чувствата и впечатоците од синоќешниот настан во една кратка објава, должни сме да ви се обратиме со резултатите.

Првиот Донаторски кружок во Гевгелија ги надмина сите очекувања на организаторите и на учесниците, а гевгеличани повторно докажаа дека се луѓе кои навистина знаат да бидат филантропи!
Донаторскиот кружок е дел од проектот на USAID „Здружи се за заедницата” кој го спроведува здужението Konekt, во партнерство со нас - Фондација Аполонија и Индиго и ЕВН.

Тоа што луѓето од другите градови го забележуваат прв пат кога доаѓаат кај нас е сплотеноста и соживотот. Тоа е нашиот адут, нашата сила и нашата гордост. 🤗

Вечерта ја завршивме со вкупно 395.100 денари за сите организации, но донирањето трае во наредните 3 недели на жиро-сметката 280106103421742 (шифра 562 за плаќањето да биде забележано како донација).

Конечните резултати и сите слики ќе ги објавиме наскоро.

Ви благодариме на сите присутни донатори кои синоќа, заедно со нас, ја започнавте новата традиција на давање поддршка! Заедно, успеавме да поставиме високи стандарди на филантропија. Заедно, срушивме предрасуди. Заедно, поместивме планини! ❤️

🎉 Вечерва се одржува Донаторски кружок во Гевгелија! 🌟Што е Донаторски кружок? Тоа е уникатен настан каде што заедницата...
18/12/2024

🎉 Вечерва се одржува Донаторски кружок во Гевгелија! 🌟

Што е Донаторски кружок? Тоа е уникатен настан каде што заедницата се собира за да поддржи локални проекти кои носат вистински промени. 🤝 Ќе слушнете инспиративни идеи од здруженија, ќе ја почувствувате енергијата на колективното дарување и ќе бидете дел од заедничка акција која прави разлика! 💙

Голема благодарност до Медиумскиот Клуб Јоска за снимањето на видео кое ја доловува суштината на овој настан. Погледнете го видеото за да дознаете што ве очекува вечерва! 🎥

📍 Каде: Хотел Аполонија
⏰ Кога: 18:00-18:30 прием 🌟

#ДонаторскиКружок #Гевгелија #ЗдружиСеЗаЗаедницата #ЗаедноДаруваме

Во срцето на секој гевгеличанец е впишана љубовта кон заедницата, солидарноста и подготвеноста да се помогне. Тоа е насл...
05/12/2024

Во срцето на секој гевгеличанец е впишана љубовта кон заедницата, солидарноста и подготвеноста да се помогне. Тоа е наследство што го негуваме со гордост и со кое чекориме кон подобра иднина. 🥰

Донаторскиот кружок е модел на здружено донирање каде што поединци, компании и организации се собираат заедно да ги поддржат најважните локални иницијативи. На овој начин, секој присутен не само што донира, туку и директно одлучува зад кои проекти и зад чија мисија ќе застане. Граѓанинот избира сам која промена ќе ја направи во својата заедница.

Ве покануваме да бидете дел од овој прв Донаторски кружок во нашата Гевгелија, за кој посакуваме да стане една нова традиција на солидарност и добрина.

Доколку чувствувате дека во себе ги носите овие вредности и верувате дека колективната промена започнува од индивидуалната свест, потврдете го вашето присуство со пополнување на оваа кратка форма: https://forms.gle/TEovTpuCr7cWW6pv6

Со ваша помош и помошта од локални бизниси, поддржуваме три доверливи локални организации:

👉🏻 НАЛЛП Центар Мајка Тереза - Гевгелија
https://www.facebook.com/share/19d9D7cbg6/?mibextid=LQQJ4d
🫶🏻 Сплотено да создадеме нови можности на децата и лицата со попреченост од заедницата

👉🏻 Гевгелија Точак Клуб
https://gtk.mk
🫶🏻 Да изградиме нова велосипедска култура во нашиот град

👉🏻 Здружение на слепи лица - Гевгелија
https://www.facebook.com/share/g/1YTpoE5qua/?mibextid=K35XfP
🫶🏻 Да придонесеме за физичкото и менталното здравје на слепите лица

Со радост ве очекуваме и ви благодариме за вашата хуманост и љубов кон заедницата.

Пријава за присуство: https://forms.gle/TEovTpuCr7cWW6pv6

Konekt Гевгелија Точак Клуб Центар Мајка Тереза Гевгелија Здружение на слепи лица - Гевгелија

Одлична можност за млади, со бизнис идеи и желба за професионален развој. Уште само неколку дена за пријавување! Каритас...
29/11/2024

Одлична можност за млади, со бизнис идеи и желба за професионален развој. Уште само неколку дена за пријавување! Каритас Македонија и YourJob организираат бесплатен тренинг за претприемништво, кој нуди:
✅ Развивање на бизнис идеја со помош на искусни ментори.
✅ Шанса за добивање грант за реализација на идејата.
👇👇👇

ЈАВЕН ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА ТРЕНИНГ ЗА ПРЕТПРИЕМНИШТВО ЗА МЛАДИ
Македонски Каритас во рамки на проектот Your Job II објавува јавен повик за учество на конкурс за финансирање и започнување на приватен бизнис или социјално претпријатие.
Повеќе информации на следниот линк: https://caritas.mk/јавен-повик-за-учество-на-тренинг-за-пр/

🌿🌟 Ден со Природата е повторно со нас! 🌟🌿Оваа сабота го започнавме новиот циклус на викенд-активности од нашата еколошка...
25/11/2024

🌿🌟 Ден со Природата е повторно со нас! 🌟🌿

Оваа сабота го започнавме новиот циклус на викенд-активности од нашата еколошка програма наменета за деца од 6 до 12 години. Посебна благодарност упатуваме до тројцата волонтери од Мировниот корпус кои ни се придружија и одржаа отворена работилница за рециклирање и за влијанието на отпадот врз животната средина. Воодушевени сме од енергијата и интересот на децата учесници од IVв одд од ООУ Крсте Мисирков Гевгелија. Заедно откривавме начини како со мали, но значајни чекори можеме да се грижиме за нашата планета. 🌍♻️

✅ Практични активности и едукативни игри во природа.
✅ Вредни лекции за одржливост и екологија.
✅ Време за дружење, учење и забава на свеж воздух!

Секој викенд, во сабота, од 9:00 до 12:00 часот се собираме за да поттикнеме љубопитност, креативност и грижа за животната средина. 🐾🌱

📍 Сакате да бидете дел од оваа авантура?
Контактирајте нè за повеќе информации или пријавете се уште денес!

Заедно создаваме подобра иднина! 🌿💚

Ви недостасуваше ли нашиот „Ден со природата“? 🏕️Ден со излети и активности во природа за дечиња од 6 до 11 години, ден ...
12/11/2024

Ви недостасуваше ли нашиот „Ден со природата“? 🏕️

Ден со излети и активности во природа за дечиња од 6 до 11 години, ден за aвантури, радости и искрена детска смеа. Целта е децата да го почувствуваат значењето на природата, да ја разберат врската што ја имаме со неа и заедно да се грижиме за нашата средина. 🌍💚

🍀 Зошто „Денот со природата“ е важен?
👉🏻Преку учење и забава, децата ќе стекнат здрави навики и ќе се здобијат со знаења за екологијата.
👉🏻Низ еко-активности како чистење на околината, садење дрвја, едукативни игри и интеракција со природата, тие учат за значењето на природните ресурси, и развиваат љубов за чиста и здрава животна средина. A, со тоа, дури и ние возрасните имаме корист 🫶🏻

Што ќе научат за време на овие дружби?
🌱Важноста на природата и начини за нејзино зачувување.
🌱Развивање на грижа за животната средина, што ги учи да бидат свесни и одговорни граѓани.
🌱Зајакнување на здрави еколошки навики кои влијаат не само врз нив, туку и врз сите нас!

📅 Денот на природата ќе се одржува секоја сабота и недела од 09-12 часот.

Со нетрпение ги очекуваме сите љубопитни и желни за дружба! 🤗 Нека ни се приклучат не само децата, туку и семејствата кои сакаат да влијаат позитивно врз иднината – за почиста, зелена, и одговорна заедница. 🏡

👇🏻 Изрази интерес или резервирај место со пополнување на оваа форма најдоцна до овој петок до 17:00, а ние ќе ве побараме.

Регистрирајте се учество во Ден со Природата Проектот "Ден со природата" се состои во излети и проекти во природата сè со цел децата да ја осознаат поврзаноста на чо...

Придружете ни се на пијано концерт! ✨🎹📅 02 ноември 2024 (сабота)🕖 19:00 часот📍 Хотел Аполонија, ГевгелијаВе покануваме н...
01/11/2024

Придружете ни се на пијано концерт! ✨🎹

📅 02 ноември 2024 (сабота)
🕖 19:00 часот
📍 Хотел Аполонија, Гевгелија

Ве покануваме на концерт на клавирското дуо Емилија Маринова и Верица Шотаровска. Оваа талентирана двојка се формира во 2021 година и оттогаш активно ја промовира камерната музика, споделувајќи ја својата љубов и енергија со публиката.

💖 Со богата солистичка биографија и настапи во земјата и странство, тие се познати по своите изведби на Пијано маратони и концерти во Виена, Скопје, Битола, а сега и во Гевгелија. Нивната програма вклучува:

🎶 J. Brahms - Hungarian dances no.1, no.5
🎶 А. Dvorak - Slavonic dances, op. 46 no.8, op.72 no.2
🎶 G. Fauré - "Dolly"
🎶 V. Gavrilin - Valcer, Tarantela
🎶 E. Elgar - Salute de amor

Не пропуштајте ја можноста да уживате во прекрасната музика и да ги поддржите локалните уметници! 🎼💫

25-та крводарителска акција „Аполонија ден на крводарување“, посебно радува зголемувањето на бројот на крводарители, бро...
24/10/2024

25-та крводарителска акција „Аполонија ден на крводарување“, посебно радува зголемувањето на бројот на крводарители, бројните млади волонтери на Црвен Крст Гевгелија, и посветеноста на организаторите за организирање на повеќе крводарителски акции во Гевгелија.

Address

Gevgeliski Partizanski Odred 1
Gevgelija
1480

Opening Hours

Monday 09:00 - 17:00
Tuesday 09:00 - 17:00
Wednesday 09:00 - 17:00
Thursday 09:00 - 17:00
Friday 09:00 - 17:00
Saturday 09:00 - 17:00
Sunday 09:00 - 12:00

Telephone

+38971299728

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Apollonia Foundation posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share