ЈЗУ Општа болница Велес

ЈЗУ Општа болница Велес Официјална страна на ЈЗУ Општа болница Велес

Вчера во ЈЗУ Општа болница Велес имавме еден навистина значаен и убав момент – момент што значи нов почеток за многу мал...
30/04/2026

Вчера во ЈЗУ Општа болница Велес имавме еден навистина значаен и убав момент – момент што значи нов почеток за многу мали животи и поголема сигурност за идните мајки 💙

Со посетата на Project HOPE, нашето Гинеколошко-акушерско одделение доби вредна донација што директно ќе влијае на квалитетот на здравствената грижа. Новите родилни и мајчински кревети, пациент монитори и монитор за новороденчиња, вакум екстрактори, инкубатор, вормер апарат за затоплување и фототерапија, аспиратор, како и ехо и ЦТГ апарат, заедно со дополнителна опрема и инструменти за операциона сала со мобилно светло, значат подобри услови таму каде што започнува животот.

Зад оваа донација стои силна меѓународна поддршка – Project HOPE Germany, со главен донатор Sternstunden e.V., како и Bärenherz Stiftung, BD (Becton Dickinson) Philips, кои заеднички вложуваат во подобро здравство и посигурна иднина.

На настанот присуствуваа и се обратија Michael Dreger, Peter Zisse, Влатко Ужевски, Petra Drexler, Јовица Андовски и Сашо Клековски, испраќајќи силна порака дека вложувањето во здравството е вложување во иднината.

Овие моменти нè потсетуваат дека зад секоја опрема стои една поголема приказна – приказна за грижа, поддршка и заедништво.

Благодарни сме што не сме сами во мисијата да обезбедиме подобри услови за нашите пациенти.

Во болницата денес имавме презентација од Carso Pharm, каде што се запознавме со Comboval и неговата примена во секојдне...
16/04/2026

Во болницата денес имавме презентација од Carso Pharm, каде што се запознавме со Comboval и неговата примена во секојдневната пракса.

Ваквите средби се секогаш добредојдени – малку нови информации, малку размена на искуства и многу мотивација да бидеме уште подобри во тоа што го работиме.

Фала до тимот на Carso Pharm за посетата и пријатната атмосфера!

Вчера зборувавме за нешта што навистина значат Со д-р Александар Ристески (психијатар од Клиниката за психијатрија – Ско...
15/04/2026

Вчера зборувавме за нешта што навистина значат

Со д-р Александар Ристески (психијатар од Клиниката за психијатрија – Скопје), заедно со учениците од ССОУ „Димитрија Чуповски“ – Велес, отворивме важни теми за депресијата и анксиозноста – искрено, човечки и без предрасуди.

Затоа што секој разговор е чекор поблиску до разбирање.

Ви посакуваме Велигден исполнет со топлина, љубов и спокој. Нека празникот донесе светлина во вашите домови и многу здра...
12/04/2026

Ви посакуваме Велигден исполнет со топлина, љубов и спокој. Нека празникот донесе светлина во вашите домови и многу здравје за вас и вашите најблиски.
Христос Воскресе! 🕊️

7 Април – Светски ден на здравјето го одбележавме во ЈЗУ Општа болница Велес на најубав начин – заедно.Во пријатна и поз...
08/04/2026

7 Април – Светски ден на здравјето го одбележавме во ЈЗУ Општа болница Велес на најубав начин – заедно.
Во пријатна и позитивна атмосфера, со нашите колеги, гости и пријатели, ја споделивме радоста од новите инвестиции и напредокот на болницата.
Чест ни беше присуството на заменик-министерот за здравство, заедно со бројни гости и пријатели на болницата, кои ја збогатија оваа убава прилика.
Ги претставивме новите апарати – во неврологија, радиологија и интерно, со што правиме уште еден чекор напред кон поквалитетна и побрза грижа за пациентите.
Највредно од сè беше тоа што бевме заедно – целиот наш тим, обединет околу една иста цел: здравјето на пациентите 🤍

Денес, по повод 7 април – Светскиот ден на здравјето, излеговме меѓу граѓаните со една едноставна, но важна цел – да пот...
07/04/2026

Денес, по повод 7 април – Светскиот ден на здравјето, излеговме меѓу граѓаните со една едноставна, но важна цел – да потсетиме колку значи грижата за себе.

Заедно со учениците од ССОУ „Димитрија Чуповски“ - Велес , направивме мерења на шеќер во крвта и крвен притисок, разговаравме, советувавме и поминавме време со луѓето кои застанаа да се проверат.

Со поддршка од д-р Анамарија Џунџева денот помина во убава атмосфера, со многу насмевки и искрени разговори.

❤️ Здравјето не е само бројка – туку внимание, навика и грижа што си ја даваме секој ден.

Фала ви на сите што застанавте, прашавте и се грижите за себе.

Голема благодарност заElpharma (https://www.elpharma.com.mk/en/), благодарение на вашата љубов и грижливост, нашите најм...
25/03/2026

Голема благодарност за

Elpharma (https://www.elpharma.com.mk/en/), благодарение на вашата љубов и грижливост, нашите најмали херои 👶 добија прекрасни производи од Uriage кои им носат радост и удобност.
Отец Filip Ivanov , вашата дарежливост и внимание кон трудниците со прекрасните ноќници прават голема разлика во нивниот ден – и во нашето гинеколошко - акушерско одделение 💛

Ваша хуманост и поддршка не само што ги разубавуваат деновите на нашите пациенти, туку ни помагаат да создадеме потопла и поудобна средина за сите.

Од срце ви благодариме!

Честит Рамазан Вајрам на сите припадници на исламска вероисповед!
20/03/2026

Честит Рамазан Вајрам на сите припадници на исламска вероисповед!

Знаењето најдобро се гради кога се споделува. 🤍Токму затоа вчера во нашата болница се дружевме со учениците од ССОУ „Дим...
14/03/2026

Знаењето најдобро се гради кога се споделува. 🤍

Токму затоа вчера во нашата болница се дружевме со учениците од ССОУ „Димитрија Чуповски“. Тие подготвија презентации на интересни теми поврзани со здравјето на младите, а потоа следеше и отворена дискусија со нашиот гинеколог, спец.д-р Силвија Богоевска.

Нè радува интересот, љубопитноста и желбата за учење кај младите, кои чекор по чекор се подготвуваат да станат идни здравствени работници.

Среќен 8 Март! 💐
08/03/2026

Среќен 8 Март! 💐

Денес, во ЈЗУ Општа болница Велес, се одржа работилница за лидерски и комуникациски вештини наменета за здравствени проф...
02/03/2026

Денес, во ЈЗУ Општа болница Велес, се одржа работилница за лидерски и комуникациски вештини наменета за здравствени професионалци.

Настанот е дел од едукативните активности што Project HOPE ги реализира низ здравствените установи во земјата, а особена чест ни е што токму нашата болница е првата станица од овој едукативен караван.

Имавме задоволство да ги угостиме д-р Sonja Bojadzieva од Клиника за педијатрија и дип.мед. сестра Гордана Димевска, кои преку стручен и интерактивен пристап овозможија продлабочување на знаењата и вештините кај учесниците.

Преку практични вежби и отворена дискусија, учесниците имаа можност да споделат искуства од секојдневната работа, да научат едни од други и заеднички да најдат подобри начини за комуникација и соработка. Атмосферата беше исполнета со позитивна енергија, меѓусебна поддршка и искрена желба за напредок. На крајот од работилницата, на сите учесници им беа доделени сертификати како признание за нивната посветеност и вложениот труд.

Со вакви активности продолжуваме да инвестираме во стручно усовршување и зајакнување на тимските капацитети, со цел унапредување на квалитетот на здравствената заштита.

Повторно добивме прекрасни пораки од трудниците кои ја посетуваа обуката за идни родители, упатени до нашата сестра Вида...
25/02/2026

Повторно добивме прекрасни пораки од трудниците кои ја посетуваа обуката за идни родители, упатени до нашата сестра Вида, која со огромна посветеност и топлина ги води идните мајки низ овој важен процес.

Вашите зборови ни значат многу.
Ви благодариме за довербата 🤍
Се гледаме на следната средба!

Address

Самоборска бб
Veles
1400

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ЈЗУ Општа болница Велес posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Practice

Send a message to ЈЗУ Општа болница Велес:

Share

Category