21/10/2025
Првата ANT Cognitrace технологија за мозочно мапирање – наскоро достапна во Македонија.
🧠 BRAIN MAPPING - ANT Neuro Cognitrace™
Оваа метода за прв пат ќе биде достапна на Балканот и во Македонија.
Со гордост ви ја претставуваме најсовремената неинвазивна метода за проценка на мозочната активност — Brain Mapping преку системот ANT Neuro Cognitrace™ , која ќе биде достапна и во Македонија.
Оваа технологија, користена во водечки европски институции, како и во Центарот Атлантис во Белгија, овозможува:
✔️ Објективна проценка на мозочната функција
✔️ Идентификација на региони со хипер- или хипоактивност
✔️ Изработка на индивидуализиран терапевтски пристап
✔️ Следење на напредокот со пред- и пост-евалуација
🔬 Методологијата е базирана на квантитативна ЕЕГ анализа (qEEG), која овозможува детално мапирање на мозочните бранови и нивна споредба со референтна нормативна база на податоци.
📈 Во рамки на нашата работа, brain mapping се изведува пред почетокот на терапевтскиот процес, а потоа се повторува на секои шест месеци, со цел објективна проценка на ефектите од третманот.
Особено значајни резултати се забележуваат по примена на аудитивна мозочна стимулација, каде повторниот мапинг овозможува визуелна и квантитативна анализа на неврофункционалниот напредок.
🚫 Благодарение на оваа нова можност, родителите повеќе нема да имаат потреба да патуваат во странство за добивање на ваков тип специјализирана дијагностика – бидејќи истиот систем, со иста прецизност, од сега ќе биде достапен во Скопје.
📌За сите подетални информации, пишете ни порака!