Altera Kognicija

Altera Kognicija Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Altera Kognicija, Psychologist, Alekso Demnievski-Bauman 3, Veles.

Алтера Когниција - овде секој човек, брак и семејство може да се разбере, да се оствари и придвижи кон целта. Кај нас ќе најдете психолошка поддршка, едукација, дијагностика, психотерапија, ЛРР, невро-психолошки третман и рехабилитација за сите возрасти.

26/04/2026

Не останувај на места каде што не се чувстваш сакан/сакана - тишината, непријатноста, дежурната вина, игнорирањето... - е исто така насилство. Самопочитта за некој е ароганција, но за мене е здрава граница. 😊

By: Nevenka Nena Dimovska психолог -психотерапевт во Алтера Когниција.Некои загуби не се гледаат однадвор, но човекот го...
23/04/2026

By: Nevenka Nena Dimovska психолог -психотерапевт во Алтера Когниција.

Некои загуби не се гледаат однадвор, но човекот го менуваат засекогаш однатре.

Губењето бременост или загубата на штотуку родено бебе често останува во тишина – без признание, без доволно разбирање и без простор за тагување. А зад таа тишина остануваат шок, празнина, вина, бес, срам и осаменост.

Важно е да знаеме: тоа е вистинска загуба. Тоа е вистинска тага. И секој има право да тагува на свој начин и во свое време.

Жените често ја носат болката во телото и мислите долго откако околината очекува „да продолжат понатаму“. И партнерите тагуваат, често на поинаков начин, па и во иста болка можат да се чувствуваат далечни еден од друг.

Не постои „правилен“ начин на тагување. Но постои момент кога поддршката станува неопходна – кога болката станува претешка, кога вината разорува, кога телото и умот остануваат заробени во траума.

За овие теми треба да зборуваме повеќе.
Затоа што она за што молчиме – боли најдолго.

🤍 Ако познавате некого што поминува низ ваква загуба, понекогаш најважно не е да понудите решение, туку присуство, понудете му простор во Алтера Когниција Altera Kognicija со стручно лице.

На сеанса во Altera Kognicija .... Шизофренија! 👇Не ме радува тоа што доаѓаат луѓе со психички болести, ме радува тоа шт...
13/04/2026

На сеанса во Altera Kognicija .... Шизофренија! 👇
Не ме радува тоа што доаѓаат луѓе со психички болести, ме радува тоа што успеваат да ги прифатат, да раздвојат болест од " Јас " .

Ова е дел од сеансата :
Родителите: Понекогаш ги гледа. Луѓе што одамна не се тука. Му зборуваат како да е најнормално нешто на светот.
И знае, дека не се реални.
Дијагнозата ја има – шизофренија. Не ја криеме.

Клиентот: Најтешко не ми е што ги гледам, туку што секој ден мора да си докажувам што е вистина, а што не.

Го прашав: „Што е најтешко за тебе во тие моменти?“
Ми рече: „ Тоа што најчесто им верувам…“
Го прашав: „Што ти помага да останеш тука, во реалноста?“
Ми рече: „Луѓето што не се откажуваат од мене.“

Родителите: „Ти благодариме што го гледаш како човек, не само како дијагноза.“

Јас :
И искрено…
тој не е неговата болест.
Храбро е тоа што учи да живее со неа.

05/04/2026

" Три грешки кои ги прават погрешно родителите во врска со нивните деца " 👇🫵
Altera Kognicija

Работа со лутината во психотерапијатаВо психотерапијата сликата за клиентот кој ја истура својата лутина врз перницата в...
03/04/2026

Работа со лутината во психотерапијата

Во психотерапијата сликата за клиентот кој ја истура својата лутина врз перницата веќе стана клише. Но, постојат многу повеќе работи кои може да се направат во работата со лутината освен „дерење и удирање во перница“. За многу луѓе, работата со лутина е само една од фазите на нивното терапевтско патување, додека за други таа претставува централна тема.

Лутината ретко е примарна емоција. Таа често прикрива подлабоки доживувања како повреда, страв или срам. Затоа, терапевтската работа не се фокусира само на нејзино изразување, туку на нејзино разбирање и интеграција. Преку развивање на свесност – телесна, емоционална и когнитивна – клиентот учи да ја препознае лутината и да направи разлика помеѓу импулсивна реакција и свесен избор.

Техниките како дијалогот со делови од себе, празната столица и вербализацијата на неизразени чувства помагаат лутината да се истражи во безбедна рамка. Притоа, неконтролираното „истурање“ не секогаш води кон олеснување, туку може да ја засили емоционалната дисрегулација.

Целта на терапијата не е елиминација на лутината, туку нејзина интеграција. Кога е препознаена и соодветно изразена, лутината може да стане ресурс – средство за поставување граници, самозаштита и поавтентично поврзување со другите.

Altera Kognicija  2 април – Меѓународен ден на подигање на свеста за аутизмотСвеста за аутизмот континуирано расте. Сè п...
02/04/2026

Altera Kognicija
2 април – Меѓународен ден на подигање на свеста за аутизмот

Свеста за аутизмот континуирано расте. Сè повеќе лица со аутизам, родители и јавни личности отворено ги споделуваат своите искуства, со што се намалува стигмата и се гради поинформирано и прифаќачко општество.

Институциите и образовниот систем сè повеќе се насочуваат кон инклузивни практики, обезбедувајќи поддршка за деца со аутизам и друг дисхармоничен развој. Сепак, од аспект на семејно-системската психотерапија, фокусот не е само на детето како поединец, туку на целокупниот систем во кој тоа функционира.

Во „Алтера Когниција“ пристапот се базира на разбирање дека секое дете е дел од динамичен семеен систем. Начинот на комуникација, емоционалната поврзаност, родителските улоги и границите во семејството директно влијаат врз развојот, стабилноста и адаптацијата на детето.

Поради тоа, интервенцијата не се насочува исклучиво кон детето, туку кон зајакнување на семејниот систем како целина. Преку структурирана работа со родители, едукација и развивање на функционални модели на интеракција, се создава средина која го поддржува детето во неговиот автентичен развој.

Аутизмот не се третира како состојба што треба да се „поправи“, туку како различен начин на перцепција и функционирање кој бара разбирање, адаптација и системска поддршка.
Нашата цел е да создадеме стабилни, свесни и функционални системи во кои секое дете има можност да напредува.

Алтера Когниција
Разбирање. Поддршка. Трансформација.

🗣️✨ Логопедски третмани во Алтера Когниција ✨🧠Говорот не е само изговор на зборови –тој е начин на изразување, поврзувањ...
31/03/2026

🗣️✨ Логопедски третмани во Алтера Когниција ✨🧠

Говорот не е само изговор на зборови –
тој е начин на изразување, поврзување и разбирање на светот.

Во Алтера Когниција, логопедските третмани ги гледаме како дел од целокупниот развој на детето, а не како изолирана вештина.

🔍 Работиме на:
– доцнење во говор и јазик
– неправилен изговор (артикулација)
– потешкотии во разбирање и изразување
– течење (заекување)
– орално-моторни вештини
– подготовка за училиште

🧠 Нашиот пристап е интегративен:
Логопедскиот третман се комбинира со психолошка проценка, емоционална поддршка и работа со родителите.

Зошто е ова важно?
Затоа што говорот често е одраз на внатрешниот свет на детето.

Родителите се активен дел од процесот –
добиваат насоки, разбирање и поддршка за да продолжи напредокот и дома.

Не работиме само на „правилен говор“,
туку на сигурно, слободно и автентично изразување.

За закажување или повеќе информации – контактирајте нè.

Алтера Когниција – каде зборовите добиваат смисла.

На сеансa 👇🧠 ( само суштината е споделена, секоја сеанса е во целосна тајност, дури ни приказната нема никогаш и никаде ...
29/03/2026

На сеансa 👇🧠 ( само суштината е споделена, секоја сеанса е во целосна тајност, дури ни приказната нема никогаш и никаде да биде искажана ) .

Таа влезе... Седна...

Јас само реков:
„Не сум спиен… не знам дали е од умор или од мисли.“
Ме погледна со насмевка што повеќе личеше на замор:
„И јас спијам… ама како да не спијам.“

Кратка тишина.
Потоа рече:
„Спијам по 8 часа, а се будам уморна како да не сум спиела со недели.
Не од работа — од мисли.... Од грижи...

Од тоа што постојано држам сè под контрола.
Дома… јас сум таа што треба да знае кој е во право.

Мајка ми и татко ми… како да се натпреваруваат кој повеќе ќе ми угоди... Затоа што тој .... но мама ми кажува .... Јас ќе пукнам, не знам ... ☹️
А јас ...

Јас...

А јас… не знам каде сум јас во сето тоа.“

Малку се насмеав и реков:
„Кога те слушам, си мислам…
дали веќе си положила правосуден, или се спремаш за родител?“ 😉 Се насмеавме малку .😁

За момент — леснотија. Потоа погледот ѝ се смени.

„Пријателите ми велат: ‘одмори се’.
А не знаат дека главата не се исклучува.“

Кратка пауза.

Длабок здив.
„Сега ќе ти кажам нешто… -кога на мајка ми и го отклучи телефонот… - Јас го видов, а татко ми знаеше дека знам…“
....

Тишината овој пат беше поинаква.
Не тешка — туку вистинска.
И тогаш рече:
„После толку месеци… првпат чувствувам олеснување."

"Можам да кажам сè — без да се цензурирам.“
Јас постојано запишував какви се реакциите, релациите, однесувањата, и се што ќе кажеше го кажуваше и со емоции кои влијаеле на сонот...

Понекогаш, мислам дека најголемото олеснување не доаѓа од одговори — туку од тоа што конечно има простор каде можеш да бидеш целосно искрен/искрена - во Altera Kognicija

Потребата од средба во Altera Kognicija  не е радозналост, не лажна, не е дека ти фали нешто во мозокот, тоа е нешто кое...
26/03/2026

Потребата од средба во Altera Kognicija не е радозналост, не лажна, не е дека ти фали нешто во мозокот, тоа е нешто кое твојата психа го бара.

Еве еден дел 🧠

„Силниот што се распаѓа“ - ( овака ја нареков приказната на еден семеен човек, на сеанса )

Јас : Кажи ми те молам каде заглави не овој пат ?

Тој се насмеа , и го в'копа погледот во земја, а насмевката остана како фасада на неговите образи
Рече :„Сите мислат дека сум силен.
Дури и јас мислев дека сум, или ме убедија во тоа ...
Додека еден ден не сфатив дека сум само човек
што никогаш нема каде да биде слаб".

Молкот прашуваше ... Не Јас.

Додаде : "Научив да ги слушам сите,
да решавам проблеми, да носам сè на свој грб, па еве ме овде ... 😬

Кога си овде " прашав" , како е внатре ( почна да гледа наоколу :) ) го насочив, го прашав: "мислам внатре во тебе , како е " ?

Рече: "А внатре — празно и претешко.
Најчудното, знаеш што ми е, што не ми треба совет, понекогаш мислам дека не сакам никого повеќе, не можам да почувствувам дека некого јас го сакам... - се е само потреба".
... Молк ....

Ова е прекрасно место , место покрај човек каде јас само можам да бидам искрен, да кажам што ми слуша душава, овде сум сигурен и не морам да изгледам силно... Солзи ....

Молк...

Уффф извини, не знаев колку ми требало тоа.“

22/03/2026

Срединскиот фактор и психологот како медијатор. 😉😊

Накратко кажано:

Импликациите за психолошката практика укажуваат дека современиот професионалец мора да поседува не само клинички компетенции, туку и системско разбирање на социјалните и културните фактори. Ефективната интервенција бара културна сензитивност, флексибилност и ориентација кон превенција и работа во заедницата.

Психологот се позиционира како медијатор помеѓу индивидуалните потреби и општествените ресурси, придонесувајќи за намалување на нееднаквостите и зајакнување на психосоцијалната благосостојба.

„Кој зборува, а кој слуша: Моќта и замките на информациите во дигиталниот простор“На панел дискусијата во "Европска Куќа...
20/03/2026

„Кој зборува, а кој слуша: Моќта и замките на информациите во дигиталниот простор“

На панел дискусијата во "Европска Куќа Велес - Europe House Veles", зборував како претставник од „Алтера Когниција“ за психолошката тежина на коментарите на социјалните мрежи.

Заканувачки или понижувачки коментар не е „само текст“. Нашиот нервен систем го доживува како реална социјална закана — со стрес, вознемиреност и чувство на изложеност. Особено кога е јавно напишан, нападот не доаѓа од една личност, туку од „публика“.

Јавното омаловажување може да биде трауматично, бидејќи го погодува идентитетот, а дигиталниот запис останува и повторно ја оживува повредата.

Зад секој профил стои човек.
Слободата на говор не значи слобода од психолошки последици.

Да внимаваме не само што зборуваме — туку и како некој тоа го слуша.

— Иле Махлијанов
психолог, „Алтера Когниција“ 🧠

Altera Kognicija - Невенка ДимовскаДенес е ден посветен на професионално доусовршување — неопходен чекор за секој што ис...
14/03/2026

Altera Kognicija - Невенка Димовска

Денес е ден посветен на професионално доусовршување — неопходен чекор за секој што искрено сака да помага во оваа хуманистичка професија.

Психологијата и психотерапијата бараат постојано учење, личен раст и присуство на едукативни и истражувачки настани, затоа што зад секоја успешна помош стои знаење што постојано се надградува.

❤️ Човекољубието е движечката сила на напредокот на психологот.

Нашиот психолог и психотерапевт Невенка Димовска денес е на професионална доедукација во Солун, продолжувајќи ја мисијата на Алтера Когниција — стручна, современа и посветена поддршка за секој човек.

Address

Alekso Demnievski-Bauman 3
Veles
1400

Opening Hours

Monday 16:00 - 20:00
Tuesday 16:00 - 20:00
Wednesday 16:00 - 20:00
Thursday 16:00 - 20:00
Friday 16:00 - 20:00
Saturday 10:00 - 16:00

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Altera Kognicija posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share