Orto Centar

Orto Centar Специјализирана продавница за ортопедски помагала и медицинска опрема.

Среќни Велигденски празници! Мир, среќа и љубов во секој дом!🍀 ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ, ЗА МНОГУ ГОДИНИ❤️
16/04/2023

Среќни Велигденски празници!
Мир, среќа и љубов во секој дом!🍀

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ, ЗА МНОГУ ГОДИНИ❤️

ПРАВИЛНО СЕДЕЊЕСедењето пред компјутер или при друга седечка работа, особено во подолги временски интервали, знае значит...
03/04/2023

ПРАВИЛНО СЕДЕЊЕ

Седењето пред компјутер или при друга седечка работа, особено во подолги временски интервали, знае значително да го наруши нашето здравје. Здравствените проблеми се движат од болки во зглобовите и вратот, преку чести главоболки, па се до сериозни проблеми со половината и ‘рбетниот столб.

• СТОЛИЦА СО ФИЗИОТОПКА
Се зајакнуваат мускулите на грбот и поттикнува правилно држење на телото додека седите. Тежинската гравитација овозможува постојана и најдобра положба на телото, превенција на деформитети на ‘рбетниот столб, се зајакнува абдоменот и се намалуваат болките во рамењата.

• ВОЗДУШНА ДИНАМИЧНА ПЕРНИЦА
Перница исполнета со воздух, за активно и динамично седење, предвидена и погодна за секого.

• АНАТОМСКА ПЕРНИЦА ЗА ПОЛОВИНА
Дава поддршка на ‘рбетот и ослободува од болка како последица од долготрајно седење. Растоварува од болки во половината и е идеална за сите оние кои поминуваат долго време во канцеларија или автомобил.

На 16.03.2023 во просториите на Орто Центар - Виница беше извршено скенирање на стапало со помош на современиот скенер P...
17/03/2023

На 16.03.2023 во просториите на Орто Центар - Виница беше извршено скенирање на стапало со помош на современиот скенер Pedomedic.
Овој скенер прави темелна идентификација на промените и одредени деформитети и се добива целосна слика за состојбата на стапалото.
Беше извршено скенирање на различни возрасни групи.

СРЕЌЕН ДЕН НА ЖЕНАТА! 🤍ОРТО ЦЕНТАР на сите девојки, жени, мајки, баби им го честита денешниот Меѓународен ден на жената....
08/03/2023

СРЕЌЕН ДЕН НА ЖЕНАТА! 🤍

ОРТО ЦЕНТАР на сите девојки, жени, мајки, баби им го честита денешниот Меѓународен ден на жената.
Бидете свои, силни, сигурни, безбедни, сакани и борбени и освојувајте го светот! 🌸

Поради големиот интерес скенерот Pedomedic со нашите пријатели Медикус Хелп ни доаѓаат повторно во Виница! 🔈Закажете бес...
06/03/2023

Поради големиот интерес скенерот Pedomedic со нашите пријатели Медикус Хелп ни доаѓаат повторно во Виница!

🔈Закажете бесплатно скенирање на стапала на 16.03.2023год. во нашата специјализирана продавница Орто Центар.

🦶Скенирањето на стапало е процедура која ги прикажува сите деформитети и аномалии на стапалото со помош на современиот скенер Pedomedic. Овој скенер прави темелна идентификација на промените и се добива целосна слика за состојбата на стапалото.


☎️ Закажете го вашиот термин на: +389 70 338 627

НОВО! НОВО! НОВО!РЕМЕДИУМ ГЕЛ ЗА ЛАДЕЊЕ 50mlГел за ладење со масло од коноп за локална апликација во случаи на артритис ...
09/02/2023

НОВО! НОВО! НОВО!

РЕМЕДИУМ ГЕЛ ЗА ЛАДЕЊЕ 50ml
Гел за ладење со масло од коноп за локална апликација во случаи на артритис и трауматска болка. Содржи моќна комбинација на природни состојки кои имаат брзо аналгетско дејство, го намалуваат отокот, позитивно влијаат на ресорпцијата на хематомите, ги потиснуваат топлинските рецептори. Брзо се апсорбира и продира.
• Долготраен ефект на ладење;
• Формула на природни состојки
Делува при:
• повреди, извиткувања, модринки, исчашување;
• воспаление и вкочанетост;
• болка во гихт;
• проширени вени;
• цервикален радикулитис (болка во вратот)
• грчеви, истегнување на тетивите и мускулите;
• погоден за употреба на физиотерапевтски процедури.

РЕМЕДИУМ КРЕМА ЗА ЗАГРЕВАЊЕ 100ml
Крем за загревање со масло од коноп за локална апликација за болки од артритично и трауматско потекло. Содржи моќна комбинација на природни состојки кои имаат антивоспалително дејство, брзо аналгетско дејство, ја стимулираат циркулацијата на крвта и го забрзуваат закрепнувањето.
Делува при:
• болки во мускулите и зглобовите;
• болка поради вкочанетост и воспаление;
• фибромијалгија;
• повреди, исчашувања, извиткување;
• остеофити (шилци);
• цервикален радикулитис (болка во вратот);
• мускулни грчеви;
• грчеви, истегнување на тетивите и мускулите.

ЗАБОРАВЕТЕ НА БОЛКАТА И УЖИВАЈТЕ ВО СЕКОЈДНЕВНИТЕ АКТИВНОСТИ!

27/12/2022
Вчера (26.12.2022) во нашите простории во Орто Центар беше извршено скенирање на стапало со кое може да се увидат разни ...
27/12/2022

Вчера (26.12.2022) во нашите простории во Орто Центар беше извршено скенирање на стапало со кое може да се увидат разни деформитети и аномалии на стапалата.
Скенирани беа стапала на различни возрасни групи и дадени насоки и совети. 🦶 👣

СПИРОМЕТАР/РЕСПИРОГРАМПоттикнувачки спирометар е медицинско помагало кое може да ви помогне во одржување на вашите бели ...
22/12/2022

СПИРОМЕТАР/РЕСПИРОГРАМ

Поттикнувачки спирометар е медицинско помагало кое може да ви помогне во одржување на вашите бели дробови после операција. Операцијата и анестезијата може да доведат до намалена белодробна активност која може да ве изложи на ризик од развој на белодробна пнеумонија или ателектази. Затоа е потребно да се спроведуваат вежби со поттикнувачки спирометар во постоперативниот период за да се подобри вашиот белодробен капацитет.

Индикации:
- Предоперативен скрининг на пациенти со ризик од постоперативни компликации за да се добие основна линија за нивниот инспираторен проток и волумен;
- Присуство на белодробна ателектаза;
- Постковид компликации;
- Операција кај пациенти со ХОББ;
- Рестриктивна белодробна болест поврзана со дисфункционална дијафрагма;
- Пациенти со невромускулна болест или повреда на ‘рбетниот мозок;
- Респираторни компликации по абдоминални операции.

Со овој уред се вежба дишењето преку длабоко вдишување и издишување.

🎀 НОВОГОДИШНА ПОНУДА 🎀* Со секој купен Колаген добивате суплемент Ревматол со 15% попуст!Со секоја купена подлога за веж...
19/12/2022

🎀 НОВОГОДИШНА ПОНУДА 🎀

* Со секој купен Колаген добивате суплемент Ревматол со 15% попуст!

Со секоја купена подлога за вежбање добивате Бенд луп по ваш избор со 30% попуст!

Повелете во просториите на Орто Центар - Виница
📞 +389 70338627

Ви посакуваме среќни празници!

🔈Закажете бесплатно скенирање на стапала на 26.12.2022год.во нашата специјализирана продавница Орто Центар.🦶Скенирањето ...
13/12/2022

🔈Закажете бесплатно скенирање на стапала на 26.12.2022год.во нашата специјализирана продавница Орто Центар.

🦶Скенирањето на стапало е процедура која ги прикажува сите деформитети и аномалии на стапалото со помош на современиот скенер Pedomedic. Овој скенер прави темелна идентификација на промените и се добива целосна слика за состојбата на стапалото.


☎️ Закажете го вашиот термин на: +389 70 338 627

Компресивна терапија - КОМПРЕСИВНИ ЧОРАПИКомпресивната терапија е основата на секоја терапија за венска дисфункција како...
12/12/2022

Компресивна терапија - КОМПРЕСИВНИ ЧОРАПИ

Компресивната терапија е основата на секоја терапија за венска дисфункција како и за превенција на венските болести. Вената што се проширила не може да се врати во првобитната форма и има потреба од постојана поддршка во вид на компресија.
Компресивните чорапи се користат и по постоперативни третмани или склеротерапија.

• ПРВИ СИМПТОМИ И МОЖНИ ЗНАЦИ НА ПРОБЛЕМИ СО ВЕНИТЕ:

- оток на нозете и болка;
- уморни и тешки нозе;
- грчеви;
- чувство на напнатост, печење или пецкање;
- видливи знаци на проширени вени на нозете.

СПОРТСКА ЛИНИЈА - Emotion ортози • Emotion ортоза за скочен зглоб• Emotion ортоза за колено• Emotion ортоза за лакт• Man...
25/11/2022

СПОРТСКА ЛИНИЈА - Emotion ортози

• Emotion ортоза за скочен зглоб
• Emotion ортоза за колено
• Emotion ортоза за лакт
• Manumed E+ортоза за рачен зглоб

Погодни за спортски активности, даваат поддршка и не ги ограничуваат движењата. Обезбедуваат масажен ефект, подобро држење и спречуваат дислокации.

24/11/2022

ТЕНДОНИТИС - ВОСПАЛЕНИЕ ИЛИ ИРИТАЦИЈА НА ТЕТИВИ

Воспалението на тетивите, тенките сврзници кои ги поврзуваат мускулите со коските, обично се јавува по повторливи повреди на зглобовите. Иако тендонитисот може да биде предизвикан од ненадејни повреди, тој најчесто се појавува поради повторување на истото движење со текот на времето. Затоа, обично се јавува и во колената, потпетиците, лактите или рамената.

КОИ СЕ СИМПТОМИТЕ?
•Чувствителност
•Оток
•Болка, особено при движење на зафатениот зглоб
•Ригидност

РИЗИК ФАКТОРИ ЗА ПОЈАВА НА ТЕНДОНИТИС
• Возраст - со годините, тетивите ја губат флексибилноста, што ги прави повеќе склони кон повреди.
• Професија - тендонитис обично се појавува во професии кои бараат повторување на движењата, голем физички напор итн.
• Спортот - спортови како кошарка, тенис, пливање, атлетика или голф често се поврзуваат со тендонитис. Всушност, познати се различни видови на тендонитис во зависнот од спортот што можеби ги предизвикал, како што се ,,тениски лакт” или ,,пливачко рамо”.
• Болести како што се дијабетес или ревматоиден артритис.

11/11/2022

БОЛКИ ВО КОЛЕНОТО

Непријатните болки во коленото се едни од најчестите проблеми со кои се соочуваат повозрасните, но и помладите лица кои се занимаваат со спорт. Повредите на коленото се честа причина за појава на болка, кои можат да се јават и без пад, превиткување или несреќа.
А што може да доведе до болки во коленото?
Кои се причините?

• Артритис кој може да биде ревматоиден артритис (автоимуна болест која влијае на зглобовите) и остеоартритис (дегенеративен артритис кој се јавува как повозрасните лица).
• Остеопороза;
• Повреди на нозете, ‘рскавицата, лигаментите и тетивите;
• Инфекции кои предизвикуваат задршка на вода и оток како што е септичниот артритис;
• Гихт;
• Некои типови на спортска активност како трчање и повторувачки движења;
• Хируршки интервенции;
• Недостаток на витамини;
• Лоша исхрана итн.

Кои симптоми се јавуваат пропратно со болката во коленото?

• Оток околу коленото;
• Непријатност која се влошува при одење или вежбање;
• Вкочанетост и намалена способност за движење на коленото, како што е при свиткување и истегнување;
• Слабост на ногата;
• Црвенило и топлина околу капачето на коленото;
• Нестабилност;
• Чувство како коленото ,,излегува” од ногата при движење;
• Невообичаени звуци при движење како крцкање и пукање.

07/11/2022

КАКО ДА СЕ ЗАШТИТИМЕ ИЛИ ДА ЈА ЗАПРЕМЕ ОСТЕОПОРОЗАТА?

Остеопорозата се дефинира како состојба во која постои зголемена разградба на коскеното ткиво, со што тоа станува порозно, коските се меки и кршливи, а тоа доведува до многу голема веројатност од појава на сериозни скршеници дури и при лесни падови или удари.
Скршениците на колк кај постарите лица (кои често се пропратени со неспособност за извршување на основните дневни активности) многу често се случуваат поради присуството на остеопороза.
Особено се сериозни скршениците на пршлените, кои најчесто се јавуваат спонтано и доведуваат до губење на висината, појава на грпка, болки во грбот, половината и долните екстремитети и нарушено држење на телото.

• Превенција
Иако генетските фактори играат голема улога во ризикот од остеопороза, начинот и стилот на живеење може да влијаат на коскеното формирање во текот на младоста, како и на степенот на коскеното губење во текот на подоцнежниот период на животот.
Исхраната, вежбањето и преостанатите фактори на стилот на живеење имаат клучна улога врз здравјето на скелетот и одржувањето на коскеното формирање.

Децата и младите, како и возрасните треба да имаат:
- Редовно и оптимално внесување на калциум;
- Нормална и оптимална - здрава исхрана;
- Доволно витамин Д преку редовно изложување на сонце и со надополнување на исхраната со суплементи;
- Редовна физичка активност;
- Неконзумирање алкохол и цигари.

Доколку сте повозрасни од 35 години и имате најмалку два од следните ризик фактори, најдобро е да се консултирате со лекар:
- седечки начин на живот;
- рана менопауза;
- хронична употреба на кортикостероиди;
- употреба на цигари, алкохол и кофеин;
- исхрана пребогата со протеини од животинско потекло, фосфорна киселина (фосфор) и сол.

ДЕФОРМИТЕТИ НА ‘РБЕТЕН СТОЛБ• СКОЛИОЗА - Деформација на ‘рбетниот столб која се манифестира преку искривување на ‘рбетот...
01/11/2022

ДЕФОРМИТЕТИ НА ‘РБЕТЕН СТОЛБ

• СКОЛИОЗА - Деформација на ‘рбетниот столб која се манифестира преку искривување на ‘рбетот настрана (налево или надесно) и најчесто има облик на буквата Ѕ. Поради неправилно оптеретување, ‘рбетните пршлени постепено се изместуваат од својата оска, што значајно го зголемува оптеретувањето на дисковите помеѓу пршлените, што доведува до вкочанетост, непријатност, трнење на екстремитетите, чести болки во вратот, рамената и ’рбетот. Сколиозата може да се појави и како последица на рамни стапала.

• КИФОЗА - Зголемено искривување во горниот дел на ‘рбетот (торакален дел) кое доведува до создавање грпка. Кифозата често е пропратена со лумбална лордоза - т.н. кружно - вдлабнат грб. Слично како и другите дефирмитети на ‘рбет, овој вид асиметрија/дисторзија доведува до вкочанетост, силни болки во ‘рбетот, рамената и вратот и го отежнува нормалното функционирање на внатрешните органи и ткива.
Предуслови за развој на кифоза се: неправилно/подгрбавено држење на телото, неправилна седечка положба, долготрајно седење и имобилизација, брз раст во пубертетот, несвесна желба за прикривање на градите во развој кај девојчињата, големи гради кај жените итн.

• ЛОРДОЗА - Зголемено лумбално искривување навнатре кон пределот на абдоменот (лумбален дел - долниот дел од ‘рбетот). Се забележува кај пациенти со опуштени стомачни мускули. Ова е состојба која често се среќава и е предуслов за силни болки во долниот дел на грбот. Зголемената лордозна искривеност често е пропратена со кифотичен став, или т.н. кифоза - кружно-вдлабнат грб.

На глобално ниво, секоја година се поставуваат приближно 1.38 милиони нови дијагнози на карцином на дојка. Јасно е дека ...
13/10/2022

На глобално ниво, секоја година се поставуваат приближно 1.38 милиони нови дијагнози на карцином на дојка.
Јасно е дека раната детекција, соодветната дијагноза, третманот и психичката состојба ја зголемуваат можноста за излекување на пациентите. И токму во таа насока, неопходно е подобро разбирање на знаците и симптомите на оваа болест, но и редовен скрининг. За таа цел, секоја година во месец октомври се преземаат активности за зголемување на свесноста и подобрување на разбирањето за оваа болест, како една од најчестите малигни заболувања кај жените.

НИКОГАШ НЕ СЕ ОТКАЖУВАЈТЕ!!!

Address


Opening Hours

Monday 09:00 - 17:00
Tuesday 09:00 - 17:00
Wednesday 09:00 - 17:00
Thursday 09:00 - 17:00
Friday 09:00 - 17:00

Telephone

+38970338627

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Orto Centar posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Practice

Send a message to Orto Centar:

  • Want your practice to be the top-listed Clinic?

Share