30/03/2026
Еднаш пациентка ми рече: „Докторке, претерувате.“ 🤔
Се насмеав. И продолжив да претерувам. Затоа што знам точно зошто не можам да престанам. 🛑
Сум видела жена која ја изгубила бременоста во 9-та недела. TSH никој не го следел откако останала бремена. Скокнал. Тивко. Без симптом. Без предупредување. 📉💔
Сум видела инвитро кое не успеало по трет пат. Тромбофилија која никој не ја побарал, мутација која никогаш не излегла на виделина. 👤🧬 Сум седела наспроти жена која плачела бидејќи телото повторно ја издало, а одговорот бил во еден маркер кој никој не го проверил.
Затоа сум напорна докторка. 🩺✨
Кога жена ќе остане бремена кај мене, тоа е само почеток. Бременоста не е само позитивен тест. Тоа е деветмесечен процес каде секој детал има улога: 👇
TSH кај Хашимото - Се следи редовно. Не „кога ќе се сетиш“. Редовно. Нестабилен TSH во прв триместар директно влијае на развојот на бебето. 🧠📈
Панел за коагулација - Ако постои мутација за тромбофилија, проверуваме сè: Протромбинско време, Д-димер, Антитромбин III, Протеин Ц и С. Тука тивко се случуваат спонтаните абортуси кои „никој не може да ги објасни“. 🩸🛡️
Оптимум, а не само референтни вредности - Витамин Д, железо, B12, магнезиум, CoQ10. Оптимумот за бременост е поинаков број. Додека не сме таму - не сме готови. 💊✅
Првите три месеци со мене се интензивни. Го знам тоа. Но тие три месеци се причината зошто она за кое се борите со години - конечно останува. 🙌🍼
Напорна? Апсолутно. 👩⚕️🔥
Но никогаш нема да бидам доволно напорна за онаа жена која седи наспроти мене и плаче - затоа што никој не бил доволно напорен порано. 🤍
⚠️ Напомена: Содржината е информативна и не претставува медицински совет. За твојата конкретна ситуација потребен е индивидуален пристап.
Со љубов,
д-р Марија 🤍🤗