Психотерапија и советување со психотерапевт Радмила Манчевска

  • Home
  • Macedonia
  • Vinica
  • Психотерапија и советување со психотерапевт Радмила Манчевска

Психотерапија и советување со психотерапевт Радмила Манчевска Примена на Гешталт психотерапија во разрешување на одредени животни, емоционални и психички проблеми.

Во работата на психолошкото советувалиште вклучени се лиценцирани психолози и гешталт психотерапевти.
Во Психолошкото советувалиште „Аспекти-Исток“ можете да побарате помош за разрешување на следните емоционални проблеми:
- Напади на паника
- Социјална анксиозност (страв од јавен настап, недостаток на самодоверба и срамежливост во комуникацијата со другите)
- Генерализирана анксиозност (страв без

некоја посебна причина, континуирана и претерана загриженост...)
- Соматоформни пореметувања (претерана грижа за сопственото здравје, страв од смрт.)
- Депресија
- Акутен и хроничен стрес
- Работа на сонови и проблеми поврзани со спиењето
- Проблеми со учењето(проблеми со концентрацијата, мотивацијата, недостаток на работни навики и вештини на учење. . )
- Проблеми во партнерските односи (претерана љубомора, посесивност, чувство на вина, сексуални дисфункции, отсуство на конструктивна комуникација помеѓу партнерите)
-Психосоматски проблеми - пореметување на физиолошката функција на одделни органи кои се резултат на одредени стресни фактори ( проблеми со спиењето, главоболки,болки во желудникот, вртоглавици, проблеми со дишните патишта, мускулна напнатост)

Во рамките на Психолошкото советувалиште Аспекти-Исток, можете да ги посетувате следните психоедукативни работилници:
- Тренинг релаксации (можност да научите како да се релаксирате и опуштите)
- Тренинг за развој на самодовербата (преку користење на одредени вежби, можност да работите на себе и да ја зголемите самодовербата и личното чувство за самопочитување)
- Анализа на личните потенцијали ( со користење на одредени гешталт техники можност за откривање и развој на скриените таленти и зголемување на самоефикасноста и остварување на поставените цели)

💔 Зошто остануваме во врски што нè повредуваат?Како психолог и психотерапевт, често гледам дека останувањето во болна вр...
21/04/2026

💔 Зошто остануваме во врски што нè повредуваат?

Како психолог и психотерапевт, често гледам дека останувањето во болна врска не е прашање на слабост —туку на длабоко вградени емоционални обрасци.

Остануваме кога:
▪️ стравот од осаменост е посилен од болката
▪️ љубовта ја поврзуваме со трпење (научен модел од рани искуства)
▪️ се активира стравот од напуштање
▪️ вложувањето (емоционално, временско) ни создава чувство дека „мора да издржиме“, посебно кога тоа траело подолг временски период, тука често се појавува коментарот " Зарем толку години да ги фрлам залудно?"
▪️ се врзуваме за потенцијалот, наместо за реалноста

Во терапевтска работа, често се појавува една важна тема:
👉 познатото, дури и кога боли, може да се доживува како побезбедно од непознатото.
Овие врски неретко го активираат нашиот внатрешен систем на приврзаност —
особено ако во минатото љубовта била поврзана со несигурност, отфрлање или недостапност.
Затоа, не се работи само за „зошто не си заминал/а“, туку за тоа:

Што во тебе се активира кога помислуваш да си заминеш?

Обично не е само одлука —
туку цел внатрешен свет што се буди:

▪️ Страв од осаменост
„Ќе останам сам/а… никој нема да ме сака вака.“
▪️ Страв од напуштање (од минатото)
„Повторно ќе бидам оставен/а… како тогаш.“
▪️ Вина
„Можеби јас не се потрудив доволно…“
„Ќе го/ја повредам ако заминам.“
▪️ Сомнеж во себе
„Можеби претерувам… не е толку страшно…“
▪️ Надеж (врзана за потенцијалот)
„Ако издржам уште малку – ќе стане подобро.“
▪️ Навика и емоционална зависност
„Не знам како да функционирам без него/неа.“
▪️ Страв од непознатото
„Што ако надвор е уште полошо?“
▪️ Внатрешен критичар
„Не си доволно добар/а за подобра врска.“

✨ Овие реакции не се случајни.
Тие често се поврзани со нашите рани искуства, начинот на кој сме учеле што е љубови како да бидеме во однос со друг.

👉 Затоа прашањето не е само „дали да заминам“,туку:
дали сум подготвен/а да се соочам со тоа што ќе се појави во мене кога ќе го направам тој чекор?

Размислете: 💬 Која од овие мисли најмногу ве задржува?

Од гешталт перспектива, ова е покана за истражување и работа на себе за:
-зголемување на свесноста
-препознавање на сопствените потреби
-преземање одговорност за изборите што ги правиме денес.

Здравата врска не е онаа без конфликти,
туку онаа во која постои:
✔️ емоционална безбедност
✔️ почит
✔️ простор да бидеш тоа што си

👉 Понекогаш, најважниот чекор во терапевтскиот процес не е да ја „поправиме“ врската, туку личноста да се врати кон себе, да биде во контакт со сопствените потреби и автентичност.

💬 Прашање за размислување:
Што ти станува потешко да изгубиш – врската или себе?
@истакнато #психотерапија

Оваа благодарница ја примам со тивка почит и длабока тага во срцето. 😥🙏💔Во моменти кога зборовите не се доволни, останув...
20/04/2026

Оваа благодарница ја примам со тивка почит и длабока тага во срцето. 😥🙏💔
Во моменти кога зборовите не се доволни, останува човечката присутност — да се биде покрај повредените, покрај семејствата кои изгубија најмили, да се слушне болката што нема форма и да се сподели тишината што тежи.
Ова признание не го доживувам како лично достигнување, туку како потсетник на заедничката човечност, солидарноста и храброста што ја видов кај секој поединец погоден од трагедијата.
Со искрено сочувство кон сите семејства и со длабока почит кон нивната болка.🙏
Со благодарност што имав можност да бидам дел од процесот на поддршка.❤️❤️❤️

Кога комуникацијата боли повеќе од тишината ......Не се секогаш големите зборови тие што повредуваат.Понекогаш тоа се ма...
17/04/2026

Кога комуникацијата боли повеќе од тишината ......

Не се секогаш големите зборови тие што повредуваат.
Понекогаш тоа се малите, секојдневни реченици… кажани без намера, но доживеани со болка.
„Не претерувај.“
„Ти секогаш така реагираш.“
„Не е ништо страшно.“
Ова се микро-повреди во комуникацијата.
Тивки, суптилни, но доволни да создадат дистанца.

Од гешталт перспектива, контактот се нарушува не кога зборуваме – туку кога не сме присутни во тоа што го кажуваме и не го слушаме другиот.

👉Како несвесно повредуваме?
- Кога минимизираме нечие чувство
- Кога слушаме за да одговориме, а не за да разбереме
- Кога реагираме од своја рана, наместо од сегашниот момент
- Кога претпоставуваме, наместо да прашаме
И тогаш, наместо поврзаност – се создава тишина полна со недоразбирање.

👉Како да поправиме, а да не го продлабочиме конфликтот?

✔️ Застани пред да реагираш
✔️ Именувај го своето чувство: „Сега се чувствувам…“
✔️ Покажи интерес за другиот: „Како беше тоа за тебе?“
✔️ Преземи одговорност: „Жал ми е ако те повредив“

Поправката не бара совршени зборови.
Бара присутност, искреност и подготвеност да останеме во контакт.
Затоа што вистинската комуникација не е во тоа да бидеме во право – туку да останеме поврзани, дури и кога не се согласуваме.
#психотерапија

„Постави граници !!!“Совет што денес го слушаме насекаде.Но ретко кој нè научил како навистина се прави тоа.Границите не...
15/04/2026

„Постави граници !!!“

Совет што денес го слушаме насекаде.
Но ретко кој нè научил како навистина се прави тоа.

Границите не се само да кажеш „НЕ“.
Границите се начин НА кој кажуваш:
„Ова ми е важно. Ова ме штити. Ова сум јас.“

Зошто ни е толку тешко да ги поставиме?

* Затоа што сме научени дека ако одбиеме – ќе повредиме некого
* Затоа што ја мешаме љубезноста со саможртвата
* Затоа што се плашиме дека ќе бидеме оттурнати или неразбрани
* Затоа што чувствуваме вина кога конечно ќе се ставиме себеси на прво место

Од гешталт перспектива, границите не се ѕидови – тие се контактна линија.
Тоа е местото каде „јас“ се среќава со „ти“.

Таму се случува вистинската комуникација:

Кога сум свесен/на за себе (што чувствувам, што ми треба)
Кога сум свесен/на за другиот (што носи тој/таа)
и кога можам да бидам во контакт, без да се изгубам себеси

Кога нема граници, се губи контактот:
или се спојуваме премногу (се откажуваме од себе),
или се оттурнуваме целосно (се изолираме).

Здравата граница значи:
✔️ „Јас сум тука – ти си таму“
✔️ можам да те слушнам, но и да останам верен/на на себе
✔️ можам да кажам „не“, без да ја прекинам релацијата

Границите не оттурнуваат луѓе, тие оттурнуваат односи во кои се губиме себеси.

И можеби најважното:
Луѓето кои навистина те почитуваат – нема да се оттурнат од твоите граници.
Тие ќе те препознаат токму преку нив.

Поставувањето граници не е оддалечување од другите.
Тоа е начин да останеме во контакт – но свесно, автентично и со почит кон себе. Тоа е начин на кој здраво ќе се грижиме за себе, ќе создадеме баланс без чувство на вина. 🫶❤️

Една година од трагедијата во Кочани 🕊️За многу родители времето од тогаш не се мери со месеци, туку со тишини, сеќавања...
16/03/2026

Една година од трагедијата во Кочани 🕊️

За многу родители времето од тогаш не се мери со месеци, туку со тишини, сеќавања и љубов која нема каде да оди. Загубата на дете не поминува – таа само станува дел од срцето со кое продолжуваме да живееме.

Денес со длабоко сочувство мислиме на родителите и семејствата на настраданите деца. Вашата болка ја допира целата заедница, а споменот за вашите деца останува жив во сите нас.

Во нивна чест. Во спомен на нивните животи.
Со почит, тишина и искрена човечка прегратка. 🕊️🕊🕊🕊🕊🕊🕊🕊🕊

1 st International Conference of Gestalt Therapy "Gender and Sexsuality Today"
14/03/2026

1 st International Conference of Gestalt Therapy "Gender and Sexsuality Today"

ПРОСТУВАЊЕТО ОД ГЕШТАЛТ ПЕРСПЕКТИВА......🫂🙏🍀Во Гешталт пристапот не се инсистира на тоа дека „треба да простиш“, туку се...
20/02/2026

ПРОСТУВАЊЕТО ОД ГЕШТАЛТ ПЕРСПЕКТИВА......🫂🙏🍀

Во Гешталт пристапот не се инсистира на тоа дека „треба да простиш“, туку се поставува прашањето:
👉 Што се случува со тебе кога не простуваш?
Непростувањето често нè врзува и заробува за минатото. Во таа врзаност остануваме во улога на жртва. Простувањето е чин на преземање лична одговорност за сопственото доживување – не за постапката на другиот, туку за нашата реакција денес.
Простувајќи, ние се ослободуваме, преку патот на признавање и прифаќање. Тоа значи:. „Ја признавам болката. Ја чувствувам. И одлучувам да не дозволам таа да управува со мојот сегашен живот.“ Многу ненадминати и потиснати повреди од минатото влијаат врз сегашните одлуки, избори и однесување. Кога простувате, тогаш незавршениот гешталт се затвора, се кине синџирот на заробената и потисната енергијата што била врзана за повредата и тогаш енергијата повторно станува достапна за живот, креативност и нов контакт.
Простувањето тогаш станува:
не чин за другиот,
туку чин на грижа за себе. ❤️❤️❤️
Затоа почитувајте го и практикувајте го простувањето, со тоа ќе си дозволите нова енергија за личен раст и задоволство во животот 🫂🙏❤️

Нека новата година донесе повеќе мир, свесност и грижа за себе.Повеќе моменти на присутност, повеќе нежност и храброст д...
02/01/2026

Нека новата година донесе повеќе мир, свесност и грижа за себе.
Повеќе моменти на присутност, повеќе нежност и храброст да бидеме тоа што навистина сме.
Нека 2026 биде година на внатрешна стабилност, раст и мали, но значајни радости. 🥂✨🍀

Светскиот ден на Менталното здравје да го одбележиме со потсетување за тоа колку се грижиме за себе, за нашите најблиски...
10/10/2025

Светскиот ден на Менталното здравје да го одбележиме со потсетување за тоа колку се грижиме за себе, за нашите најблиски и околината. Грижата за себе не значи себичност, туку прифаќање на себе и другите такви какви што се, значи поврзување со другите со почитување на сопствените, но и на туѓите граници, значи познавање на себе и на другите. Ако вложуваме во нашето ментално здравје, значи дека вложуваме во поефикасен, посреќен и позадоволен начин на живот.
👉Потсети се секој ден:
❤️„Јас вредам да бидам добро“.
❤️„Моето ментално здравје е важно“.
Аспекти - исток - Центар за креативен развој обука и психотерапија
@истакнато

Третиот по ред Европски сертификат од областа на Гешталт советување и психотерапија...❤️
28/09/2025

Третиот по ред Европски сертификат од областа на Гешталт советување и психотерапија...❤️

Address

Vinica

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Психотерапија и советување со психотерапевт Радмила Манчевска posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Practice

Send a message to Психотерапија и советување со психотерапевт Радмила Манчевска:

Share