Детски психолог

Детски психолог Дипл. Психолог и психотерапевт по интегративна психотерапија

💯
11/25/2025

💯

УЧЕНИКОТ не е бројка: Психолошки поглед за образованието, вредностите и заблудата на оценувањето

Во светот на модерното образование, каде сè се мери и рангира, лесно се заборава суштината: детето не е бројка, туку жив потенцијал.
И токму затоа, оцената, таа минимална педагошка алатка е премногу сиромашен начин да се измери човечкото суштество кое расте.

ОЦЕНКАТА НЕ ГО ОПИШУВА ДЕТЕТО САМО СО СИСТЕМОТ ШТО ГО МЕРИ

Психолошките истражувања одамна покажуваат дека детето не учи најдобро кога е под притисок, туку кога е мотивирано од внатрешна радозналост.
Сепак, училиштата често функционираат според логиката „ако не е 5, значи не вреди“, па децата се движат во страв наместо во развој.

Но вистинската дилема е следнава:
Што вреди повеќе?!, научена лекција напамет или развиена личност со вредности?

НАСТАВНИКОТ НЕ Е ВЛАСТ, ТУКУ ВОДАЧ

Наставникот не треба да изигрува величина пред детето. Не треба да се однесува како некој кој e „повисок“ или „поважен“ само затоа што има дневник во рака или може да стави единица.
Оценката не смее да биде негова моќ, ниту инструмент за дисциплина.

Често се слуша фразата: „Таков е законот, мора да имаат оценки, мора да се водат предметни успеси, мора да се гради ранг.“
Но добар наставник знае дека законите се административни рамки, а човечноста е педагошката суштина.

Не е доблест да му е „добредојдено“ кога едно дете има послаба оценка за полесно да делува во рамки на тие административни правила.
Доблест е да му помогне да разбере, да расте, да стекне самодоверба.
Доблест е вложеноста, не формалноста.

СЕКОЈ УЧЕНИК БЛЕСКА НА РАЗЛИЧЕН, АВТЕНТИЧЕН, ПРИРОДЕН НАЧИН

Некое дете е извонредно во математика.
Друго има музичка душа. Трето има дарба за спорт, за зборови, за пријателство, за храброст, за соништа.

И тоа треба да биде доволно за да го почитуваме. Наместо да работиме според шаблони, наставникот треба да гледа:
каде детето природно блеска, како мисли, како чувствува, како комуницира, за што се бори, како расте.

Овие работи немаат место во дневникот но имаат огромно место во животот на детето.

Родителот не е „несовесен“ ако детето нема само петки

Ова е уште една болна точка на нашиот систем. Кога детето има послаба оценка, често прстот се вперува кон родителот:
„Не работи доволно со него.“ „Не го контролира.“ „Не вложува.“

Но ова е неточна и неправедна перспектива.

Родителот не е несовесен ако детето има послаби оценки. Несовесен е системот ако верува дека одлика на добар родител е да произведе дете без грешки.

Родителот е тука да го поддржува детето, не да му биде приватен коректор. Да го слушне, не да го турка. Да го прифати, не да го моделира по нечии стандарди.

ВАЛФДОРВСКАТА ПЕДАГОГИЈА го разбира ова одамна

Во Валфдорвската филозофија оценката не е целта. Целта е развојот како хармонија на умот, срцето и волјата. Наместо броеви, децата добиваат описни, длабоки педагошки сведоштва, кои покажуваат како се движат, како се менуваат, кои сили се будат во нив.

Тоа е модел во кој: детето не се плаши од грешка, наставникот не надвиснува како авторитет, туку како сојузник, родителот не се чувствува обвинет, а учењето е патување, не рангирање.

Детето расте таму каде што е видено, не каде што е оценето

Кога наставникот гледа личност, не оценка, детето цвета. Кога родителот гледа прогрес, не рубрика, детето се ослободува. Кога системот ќе почне да гледа човек, не бројка, тогаш ќе имаме генерации кои не само што знаат, туку умеат, чувствуваат и се препознаваат.

И токму затоа треба да се повторува:
Оцената не е идентитет, ниту мерило.
Мерило е љубопитноста, добрината, храброста, трудот и автентичноста на секое дете.

Ајде да го разбереме менталното здравје на децата! #СветскиДенНаМенталнотоЗдравје
10/10/2025

Ајде да го разбереме менталното здравје на децата!

#СветскиДенНаМенталнотоЗдравје

Денес и секој ден во служба на менталното здравје!🍀🧠🍀
10/10/2025

Денес и секој ден во служба на менталното здравје!

🍀🧠🍀

Драги ученици,Ви посакувам во вашиот училиштен ум освен знаење да си ги понесете и овие  мисли:📚 Новите искуства па дури...
08/31/2025

Драги ученици,

Ви посакувам во вашиот училиштен ум освен знаење да си ги понесете и овие мисли:

📚 Новите искуства па дури и непријатни ме прават посилен/а.
📚Смеам да згрешам, грешката не ме опишува мене таа е патот до мојот успех.
📚Оценката не ја мери мојата вредност како личност таа го мери моето знаење во моментот на оценувањето.
📚Смеам да размислувам надвор од рамката и да давам нови предлози. Смеам да имам свое мислење.
📚Дозволувам нови пријателства и ги зацврстувам старите.
📚Го забележувам различното или поинакво то од мене, различното не е и помалку вредно.
📚Верувам во себе и своите потенцијали, затоа секогаш честитам и се радувам на туѓиот успех.
📚 Моите наставници се инспирација мои ментори и водачи кон патот до успехот.
📚Размислувам храбро.
📚Секој ден сум се подобар и подобар. Јас давам се од себе и мојот труд е поважен од било кој резултат.
📚 Јас можам! Ќе успеам!
📚Се гордеам со себе.

Ние возрасните ви должиме позитивни уверувања и училишта кои ќе ве спремат за животот.
Тогаш ќе ве научиме дека љубезност и цврстина можат да одат заедно.

СРЕЌЕН ПОЧЕТОК!

Со љубов,
Психолог Христина Стефановска ♥️

06/10/2025

Во моментот кога ќе сфатите дека децата не се проект и поле за докажување на тоа кој што може, родителството ќе ви постане најубаво огледало за себе.

#МодерноРодителство

Растење на деца во духот на човекови вредности како разбирање и сочувство, единство, внимание и нежност, помагање, грижа...
05/12/2025

Растење на деца во духот на човекови вредности како разбирање и сочувство, единство, внимание и нежност, помагање, грижа за околината итн е начин да спречиме врсничко насилство но и да изградиме капацитети за заштита.

Работилница: СТОП за врсничко насилство сега!
17.05.25 сабота
Центар Психит Скопје

📚Мај, месец на свесноста за менталното здравје!📚Овој месец Центарот Психит организира неколку психолошки работилници за ...
05/09/2025

📚Мај, месец на свесноста за менталното здравје!

📚Овој месец Центарот Психит организира неколку психолошки работилници за деца.

📚Втората од предвидените библиотерапевтски работилници насловена како "Стоп за врсничко насилство СЕГА".

📚17.05.2025 сабота од 11-13ч

Котизација: 1000 ден
Пријави на : hristina_psihologija@yahoo.com
Возраст на деца:
од 6-10 год
од 11-14год

Ве очекуваме! 🌞

Драги родители и деца,Центарот ПСИХИТ Скопје ви најавува групна  креативна работилница за деца од 7 до 14 год со техники...
05/02/2025

Драги родители и деца,

Центарот ПСИХИТ Скопје ви најавува групна креативна работилница за деца од 7 до 14 год со техники од Библиотерапија и Арт Терапија.

Ќе бараме одговор на прашањето "КОЈ Е МОЈОТ УСПЕХ?".

Ќе посакаме да видиме дека секој го оди својот пат и секој го руши својот рекорд. Ќе посакаме да научиме дека натпреварите не се секогаш показател за тоа кој е најдобар во нешто. Туку кој е најчовечен што е всушност и најголемата победа во светот.

Работилницата ќе ја водат психолозите Христина Стефановска и Цветанка Бурзевска.

📚Сценарио: Делфинот Дуле на Маја Мишевска
🏬Локација: ПСИХИТ н. Маџари Скопје
🕐Времетраење: Од 11-13ч
📌Котизација: 1000 ден.
📞Пријава за настанот на:
078 801 846 и 078 381 309

Бројот на деца во една група е ограничен.

Ве очекуваме! ✨

Денес разбравме дека едно 12 годишно џиновско цвеќе сака да им порача на другите "ВИДЕТЕ МЕ!" што во превод би значело в...
02/21/2025

Денес разбравме дека едно 12 годишно џиновско цвеќе сака да им порача на другите "ВИДЕТЕ МЕ!" што во превод би значело валидирајте ме.

Address

Macedonia, OH

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Детски психолог posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Practice

Send a message to Детски психолог:

Share

Share on Facebook Share on Twitter Share on LinkedIn
Share on Pinterest Share on Reddit Share via Email
Share on WhatsApp Share on Instagram Share on Telegram

Category