18/11/2013
Домашна крема против брчки
Направете си сами домашна крема против брчки со желатин, кој има „затегнувачко“ дејство.
Желатинот позитивно влијае на протеинскиот и аминокиселинскиот метаболизам на кожата и ја подобрува неговата состојба. Ги „пегла“ ситните брчки, ја омекнува и избелува кожата и ја подобрува циркулацијата.
За кремата ви се потребни следните состојки:
Половина лажичка од било кој желатин кој може да се јаде
50 ml вода
1 полна супена лажица мед
50 ml глицерин од аптека (глицерол)
Една четвртина таблетка иситнет аспирин од 200mg
Добро промешајте ги сите состојки и ставете ги во емајлиран сад. Загревајте на жешка водена пареа, 5-7 минути, постојано мешајќи, додека смесата не стане хомогена. После тоа оставете ја да се лади. Додека се лади, мешајте ја постојано, за да добиете желатинеста крема.
Оладениот крем ставете го во пластична амбалажа (на пример кутија од стар крем) и оставете го во фрижидер.
Напомена: не грижете се ако смесата сè уште е течна. За неколку часа во фрижидерот ќе се стврдне.
Употреба: Готовата крема со желатин се нанесува на кожата секојдневно, навечер, два часа пред спиење, на 20 минути. Остатоците од кремата кои кожата не ги апсорбирала отстранете ги со хартиено марамче.
Добиената крема е доволна за месец дена употреба, но не треба да ја чувате подолго.