14/03/2020
ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ
Почитувани пациенти
Поради моменталната состојба во однос на вирусот COVID-19 (Корона вирус) а во интерес на вашето здравје,
ПЗУ Д-Р МИЛАНЧО ве известува дека:
Во периодот од 16.03.2020 до 01.04.2020 ќе се примаат САМО пациенти со АКУТНА БОЛКА (пациенти кои во моментот имаат неподнослива болка која не се смирува и по 2 часа од администриран медикамент против болка),
само со ПРЕТХОДНО ЗАКАЖАН ТЕРМИН на тел. 078 266 450
Пациенти со симптоми на настинка, зголемена телесна температура, забрзано и скратено дишење, и пациенти кои во измнинатиот период биле во контакт со лица кои престојувале во странство или присуствувале на настан со над 30 лица, ДА НЕ ДОАЃААТ во ординција без претходна консултација на горенаведениот телефонски број.
Пациентите кај кои терапијата е во тек да се обратат на телефонскиот број за понатамошни информации во врска со нивното лекување.
Ве молиме доколку сте повикани за интервенција да не носите придружба (особено деца) со цел да се намали фреквенцијата на пациенти потенцијални преносители на вирусот.
Апелираме да се придржувате до упатствата на СЗО со цел да се зачува Вашето и колективното здравје.
При влез во ординацијата ве молиме користете го антисептик гелот што стои на располагање во чекална, и чекајте да бидете повикани во ординацијата. Присуство во ординацијата е лимитирано строго само на пациентите на кои се врши интервенција!!!
Не го користете автоматот за кафе без претходно да ги дезинфицирате вашите раце и доколку немате потреба, не допирајте други површини.
Со почит,
Тимот на ПЗУ Д-Р МИЛАНЧО