13/11/2025
🌍 На 4 ноември 2025 година, во Малме, се одржа годишната Patient Experience конференција. Ова е настан што ги обединува координаторите и претставниците на овој глобален проект од сите Диаверум земји во светот. Конференцијата претставува место за размена на идеи, искуства и најдобри практики, со една заедничка цел: да се подобри секој аспект од искуството на пациентите кои секојдневно се потпираат на нашата грижа.
💬 Преку динамични работилници и панел-дискусии, учесниците споделија инспиративни примери за тоа како емпатијата, слушањето и разбирањето можат да го трансформираат процесот на лекување и да создадат атмосфера на доверба и почит.
🇲🇰 Македонија беше гордо претставена од нашата медицинска сестра Светлана Цветкова, координатор на програмата Patient Experience за нашата земја. Таа одржа одлична презентација за активностите што нашиот тим ги реализираше, фокусирани на едукација и подигање на свеста за бубрежното здравје.
🤝 Овие меѓународни собири ја потврдуваат посветеноста на Диаверум кон заедничка мисија - постојано подобрување на животите на пациентите преку знаење, иновација и вистинска грижа.